Дали трудниците треба да пијат кравјо млеко?

Храната со животинско потекло обично содржи хормони, но на кравјото млеко треба да се обрне особено внимание. Некои експерти одат толку далеку што дури и советуваат дека би било добро трудниците да избегнуваат да пијат кравјо млеко. Зошто е тоа така?

0
472

Хормоните кои можеме да ги пронајдеме дури и во органски произведеното млеко можат да играат многу важна улога во студиите кои ја истражувале врската помеѓу млечните производи и некои човекови болести како што се карциномите, акните и репродуктивниот систем кај мажите.

Консумацијата на млеко е поврзана со прераниот пубертет како и со карцином на ендометриумот кај жените во периодот после менопаузата. Она на што научниците посебно предупредуваат е опасноста која хормоните од млекото можат да ѝ ја донесат на онаа најранлива популација, децата, младите и бремените жени. Кај овие групи луѓе дури и најмало внесување на хормони може да доведе до драстични промени во метаболизмот.

На пример, децата се многу чувствителни на сексуалните стероиди, затоа што нивното ниво во детскиот организам е прилично низок, дури и најмала варијација на хормони може да доведе до големи хормонални промени. Токму од таа причина би требало да се преземат мерки на предострожност и да се спречи изложувањето на фетусот на овие хормони, макар и да станува збор за мали количини.

Светските здравствени организации тврдат дека децата не би требало  пијат повеќе од три чаши кравјо млеко на ден. Последиците кои со себе ги носи животната изложеност на луѓето на факторите на раст кои се наоѓаат во млекото сѐ уште не се доволно истражени.

Консумацијата на млеко ја зголемува концентрацијата на фактороте на раст 1, а е поврзан со ракот на простата и уште некои видови карцином. Покрај тоа модерната технологија ја одржува продукцијата дури и кај стеоните крави што резултира со млеко со уште поголем процент на хормони.

Стеоните крави лачат многу повеќе сексуални стероиди во млекото отколку оние кои тоа не се. Но не е проблемот само во млечните производи кои се многу важен дел од здравата исхраа, туку сите намирници со животинско потекло би требало добро да се проучат. Јадливото ткиво од животинско потекло содржи естроген. Иако не треба во целост да се откажат од млеко без оглед на предупредувањата, стручњаците  велат дека употребата на млечните производи треба да се сведе на минимум доколку сте трудни, особено ако станува збор за бременост со близнаци, но и ако се обидувате да останете трудни.

Фото: Pixabey

[better-ads type='banner' banner='999' ]