Дали треба отворено да се зборува за секс со децата?

Славната брачна двојка Џесика Бил и Џастин Тимберлејк отворено зборува за секс со нивниот двегодишен син Силас

0
341

Славната актерка и мајка Џесика Бил мисли дека секој треба да зборува отворено за сексот на здрав, позитивен и духовит начин.

Исто така мисли дека не постои возраст на која не е примерено да се зборува за секс, односно за нашите полови органи, па затоа во договор со сопругот Џастин Тимберлејк одлучила да биде сосема отворена кон нивниот двегодишен син Силас.

„Тој е сѐ уште мал, но не е слеп. Многу пати не видел како се тушираме и не сакаме да правиме од тоа баук. Тој не гледа нас, ние го гледаме него и нормално е дека е љубопитен, а ние сме отворени кон него. Употребуваме технички термини, за да знае за што зборуваме иако целата работа се обидуваме да му ја раскажеме на начин прилагоден кон неговата возраст“, рекла Џесика пред бројната публика на неодамнешната конференција одржана во Лос Ангелес.

„Знам дека е многу мал, но навистина верувам дека колку порано ќе почнеме да бидеме со него толку отворени, порано ќе се ослободиме од срамот и табуата“, додала таа, но и објаснила дека со децата мора и може да се разговара за големи теми.

„Секако дека тука вклучуваме голема доза на хумор и се обидуваме да ја направиме темата помалку сериозна, да биде подобро прилагодена кон неговата возраст. И ако притоа се смееме, уште подобро. Ако ни се нам или на децата смешни зборовите вагина и пенис и ако тие предизвикуваат смеа, нека биде така. Ќе се смееме сите. Сите сме го поминале тоа кога сме биле мали. Сетете се дека секоја сериозна тема проследена со смеа и забава ни станувала поблиска“, ги потсетила таа своите фанови на женската конференција на која таа и другите учеснички како Хилари Клинтон, Џејн Фонда и Натали Портман го најавиле активирањето на Tryst Network.

Дел од конференцијата Џесика објавила на својот Инстаграм профил кадешто покажала на кон начин разговара со својот двегодишен син.

[better-ads type='banner' banner='999' ]