Дали треба да избегнуваме да пиеме алкохол пред децата?

Истражувањата покажуваат дека се децата свесни за пиењето на своите родители и дека тоа може да влијае врз нивниот подоцнежен однос кон алкохолот. Но дали навистина треба да го ифрлите сиот алкохол од дома?

0
143

Колку пиете, колку често, го употребувате ли алкохолот како награда, и генерално, како се однесувате кон алкохолот, сетоа тоа може да ги наведе адолесцентите да експериментираат со алкохолот, стои во последниот извештај на Институтот за студии за алкохол во Лондон.

Родителите често претпоставуваат дека нивните деца не го забележуваат нивното пиење, но за жал, тоа е погрешно, пишува The Guardian.

Истражувањето кое вклучувало различни методи на истражување, како што се анкети, фокусни групи и испитување на јавното мислење, открило дека половина од родителите биле пијани пред своето дете.

Се покажало дека децата многу добро знаат да ги разликуваат нивоата на опиеност.

Едно од пет испитани деца изјавиле дека им е непријатно поради состојбата во која се наоѓале нивните родители, додека другите рекле дека нивните родители во таквите ситуации заборавиле на времето за спиење или пак се расправале со нив повеќе од обично.

Врз основа на тие сознанија, извештајот понудил јасни насоки за родителите: немојте на алкохолот да му придавате позитивни особини, разговарајте со децата за ризиците кои ги носи пиењето алкохол и избегнувате мамурлук затоа што вашите деца би можеле да помислат дека е нормално да се повраќа и да се има главоболка после неколку испиени пијалоци. Односно, би прифатиле целосно погрешни обрасци на однесување. Но не се согласуваат сите со тие насоки и тврдења.

„И покрај бројните истражувачки публикации на оваа тема, малку знаеме за поврзаноста на пиењето на родителите и нивното однесување со употребата на алкохол кај децата“, го објаснил својот став професор Ингебрг Росов од Норвешкиот институт за истражување на алкохолот и дрогите.

Како што вели, на тоа колку ќе пијат децата во иднина, влијае и рекламирањето на алкохолот, притисокот од врсниците, како и гените. Но во едно се согласува со претходното истражување, родителите сосема сигурно треба да ја знаат границата и да не ја преминуваат.

Фото: Pixabey

[better-ads type='banner' banner='999' ]