Дали сте чуле за „машкиот екстра шев“?

Жените гневни заради „шевот за мажот“ кој го добиле на породување како награда од докторите за нивните мажи

0
534

Не е необично жените после породувањето да бидат шиени, меѓутоа, се поставува прашањето дали е морално на жените во текот на шиењето да им се наметнува она што долги години се сметало за своевидна урбана легенда.

Жените кои слушнале за тоа, ја сметале таа постапка за своевидна шега, но „шевот за мажот“ навистина постои и е проблем за многу мајки ширум светот.

Шевот за мажот е уште еден шев кој лекарите понекогаш го прават заради задоволство на партнерот, за да биде жената малку потесна, а тоа не само што сексистички ги навредува жените, туку станува збор за дополнителен шев кој на жената може да ѝ предизвика дополнителна болка на жената која тукушто родила. На жената која лекарите во повеќето случа и не ја прашуваат за дозвола да го направат тој дополнителен шев.

За сето тоа почнао повторно да се зборува после написот кој за оваа тема е неодамна објавен на порталот Healthline, во кој се изнесени искуствата на бројни жени кои од породување се вратиле „потесни од било кога“.

Една од нив е и Сара Харкин од Њу Орлеанс која го раскажала своето искуство од породувањето во 2005., кога лекарот во текот на шиењето на нејзиниот сопруг, со вистинско „машко сојузништо“ му ветил дека со еден дополнителен шев ќе направи неговата сопруга повторно да биде „убава и тесна“.

„За ене тоа беше удар – физички, емоционален и психички, затоа што лекарот му го кажа тоа нему, а не мене, која лежев таму како тоа воопшто да не ме засега мене“, изјавила подоцна Сара Харкин.

Слично искуство опишала и друга жена, Тамара Вилијамс од Тексас која заработила ваков шев во 2015.година, кога на породувањето присуствувало и нејзиното момче. Приказната е слична на претходната затоа што и нему бабицата која ја шиела рекла дека ќе направи уште еден шев за него, и притоа, значајно му намигнала.

А вакви случаи очигледно има уште многу, иако тој термин не се спомнува во медицинската литература, заради што се смета и за своевидна урбана легенда. Постои една информација за таа постапка, уште од средината на 19.век, кога тексашкиот лекар Џио Каплс ја спомнал оваа постапка откако сопругот на жена која ја шиел после породуввање му поставил прашање: „Докторе, зарем не можете да направите уште еден шев?“

Така постапката наречена „шев за мажот“ е спомената во медицинските анали, но за неа никогаш подоцна не било објаснето ниту пак е до денес докажано дека им е навистина потребна на жените.

Многумина дури признале дека дури неодамна дознае дека токму тој дополнителен шев е виновен за проблемите и болките при сексуалните односи.

Една од нив е и Ангела Санфорд од Јужна Каролина која пет години се обидувала да сфати зошто наеднаш сексот ѝ е толку болен, а дури тогаш открила дека сето тоа е поради дополнителниот „шев за мажот“.

Темата дополнително ја разгорела и приказната на авторката Кармен Мариа Мачадо која пишувала за жена која го добиа овој шев наспроти нејзините, како што ја обвиниле подоцна, „нејасни“ спротивставувања. Приказната предизвикала бројни реакции, па сега конечно малку повеќе се зборува за тој проблем, а искуствата на жените кои го поминале тоа, ги предупредуваат другите.

[better-ads type='banner' banner='999' ]