Дали сте си играле со картонски кутии? А вашите деца?

Едноставните играчки можат да бидат многу корисни, па дури и обична картонска кутија може да ја поттикне креативноста, велат експертите

0
150

Дали треба да се проценува влијанието на играчката врз детето според цената што ќе ја платите за неа?

„Поедноставни, практични играчки што можат да послужат за играње на децата и родителите, се подобри за развојот на детето“, вели д-р Алан Менделсон, коавтор на новиот извештај на Американското здружение на педијатри (AAP).

Класичните активности со играчки коцки за редење или сложувалки им помагаат на малите мозоци да решаваат загатки и да развиваат имагинација и креативност.
Дури и картонската кутија има голема вредност.

„Најдобрите играчки се оние кои ја поддржуваат интеракцијата помеѓу децата и родителите. Картонската кутија може да се искористи за да се протнува детето низ неа или да направи куќичка. Се разбира дека нема да ја добиете истата корист од таблетите или екраните. Кога децата играат со своите родители, се случува вистинска магија , без разлика дали тие играат со вистински играчки или редат коцки“, објаснил Менделсон за Тајм.
Извештајот сугерира дека постојаната употреба на електроника го попречува развојот на говорот кај децата, ја заменува важната игра со родителите и доведува до дебелеење. Американското здружение за педијатри препорачува бебињата под 18 месеци да не бидат пред екраните, а децата на возраст од 2 до 5 години смеат, но најмногу еден час.
„Колку повеќе знаеме за раниот развој на мозокот, толку повеќе ја разбираме потребата за игра што е основа на човечката интеракција. Нема екрани, видео игри или апликации што можат да ги заменат врските што се градат додека си играат со играчки”, објаснува д-р Алеја Хели, водителка на извештајот.
Што им препорачува Американското здружение за педијатри на родителите:

Потребно е да се препознае која е најважната улога во детството, а тоа е развојот на топли односи, целосно разбирање и интеракција.
Најпродуктивната играчка е онаа што поттикнува интеракција помеѓу родителите и децата во безусловна игра.
Изберете играчки кои не го стимулираат премногу детето, но го стимулираат развојот на имагинацијата
Користете детски книги за да развиете нови идеи и преправајте се заедно додека играте со играчки
Бидете свесни за играчката и стереотипите што ја поттикнуваат
Ограничете го играњето видео игри за малите деца. Вкупниот број на часови пред екранот, вклучително и употреба на телевизија и компјутер, треба да биде помал од еден час за деца над две години и целосно да се избегнува кај деца под 24 месеци. Деца на возраст под пет години треба да играат со компјутери или видео игри само кога содржината е соодветна за нив и во присуство на возрасно лице.

фото: Pixabay

[better-ads type='banner' banner='999' ]