Дали на мајките треба да им се плаќа донирањето на постелката од породувањето?

Трудните жени имаат во себе нешто толку вредно што би можело да се покаже како нешто што е од големо значење како за современата медицина, така и за глобалната економија, а за што повеќето не се ни свесни.

0
291

Ако не сте знаеле, третиот стадиум од породувањето настапува малку откако бебето ќе се роди, а тоа е оној момент кога родилката треба да ја истисне постелката која претходните девет месеци била сигурен дом и извор на храна за бебето.

Во поразвиените земји породувањето би требало да биде сосема природна, на прво место, безбедна работа, но бројките не одат во прилог на ова. Имено, во САД, смртноста на мајките на породување во периодот помеѓу 1990. и 2013. година двојно се зголемила, додека стапката на смртност на новороденчињата е во постојан пораст на подрачјето на Англија иВелс, што е главно предизвикано од социјалната нееднаквост и намалената грижа за родилките.

Добивањето бебе, покрај физичкиот ризик обично значи и удар на домашниот буџет. Така САД се нашле на врвот од листата на земји во кои е многу скапо да се добие бебе и болниците наплаќаат во просек, за обично вагинално породување без компликации и до 32.093 долари, додека царскиот рез и грижата за новороденчето можат да чинат и до 51,125 долари. Жените кои немаат здравствено осигурување и кои не се во состојба да си дозволат целосна нега во болница се под три до четири пати поголем ризик да умрат од компликации на породување.

Од друга страна, трудните жени имаат во себе нешто толку вредно што би можело да се покаже како нешто што е од големо значење, како за современата медицина, така и за глобалната економија.

Покрај бебето, телото на трудницата развива и крв во папочната врвка која содржи матични клетки, плацентално ткиво, како и амнионска мембрана. Жените можат да донираат крв од папочната врвка на банките кои истите ги складираат или можат да ја зачуваат приватно. Земањето на оваа крв е потполно безболно и процесот не е ризичен ниту за мајката ниту за бебето. Повеќето од таа крв, поточно, од матичните клетки кои не се донираат се уништуваат како медицински отпад, а проценето е дека само во САД годишно се уништуваат стотици илјади литри ваква крв.

Потенцијал со кој би се спасиле многу животи. Само неколку капки крв од папочната врвка содржат неколку милијарди матични клетки, а тие се користат за лекување на дури 82 заболувања, вклучувајќи леукемија, заболување на српести клетки и тешки облици на имунодефициенција. Успешната трансплантација на матични клетки може да им помогне на луѓето во целост да го обноват својот имунитет за нивниот организам да почне со производство на здрави крвни зрнца. Алтернативен извор на матични клетки може да биде коскената срж, посебно во ситуации кога не може да се најде донор на матични клетки. Во последните 13 години, бројот на трансплантации на матични клетки од папочната врвка пораснал за 300 отсто ширум светот.

Ткивото на постелката, амниотската мембрана и крвта од папочната врвка се користат во производството на лекови. Биолошките компоненти од постелката можат да се најдат во производите за санирање на рани и изгореници на компанијата MiMedx која се наоѓа во Џорџија, додека израелската компанија Gamida Cell произведува Cordin, лек кој содржи крв од папочната врвка, а моментално се наоѓа на клиничко тестирање со цел лекување на крвни заболувања. Првите резултати велат дека лекот Cordin би можел да помогне кај трансплантацијата на матични клетки од донор кој има само делумно поклопување со заболениот.

Во најбуквална смисла на зборот, трудниците во своето тело девет месеци чуваат нешто што би можело да ја унапреди модерната медицина, но и економијата на глобално ниво. Одделни стручњаци од областа на медицината тврдат дека крвта од папочната врвка би можела да се користи во итни медицински процедури како на пример во случаи на мозочен удар. Неодамна, Американската администрација за храна и лекови ја одобрила терапијата заснивана на клетките кои се добиваат од човечка постелка и тоа за итни случаи кај нуклеарни настани. Исто така, во тек е трета фаза од клиничкото испитување за користење на крвта од папочната врвка за аутизам, а се водат и истражувања за лекување на церебрална парализа на овој начин.

Ова се многу импресивни податоци за кои повеќето жени не се свесни и веројатно не знаат за кои сѐ цели може да се искористи нивното ткиво.

Фото: Pixabey

Извор: medium.com

[better-ads type='banner' banner='999' ]