Дали мајките во 30-тите раѓаат попаметни деца?

Истражувањето во Велика Британија покажало дека мајките во триесетите години имаат попаметни и поздрави деца од мајките во четириесетите или во дваесетите години.

0
338

Постојано слушаме дека сѐ повеќе жени на првото бебе се одлучуваат дури после 30.тата година. Еве мала утеха за сите оние кои се грижат поради своите години.

Истражувањето во Велика Британија покажало дека мајките во триесетите години имаат попаметни и поздрави деца од мајките во четириесетите или во дваесетите години.

Податоците се земени од Millenium Cohort Study, голем истражувачки програм кој го следел развојот на 18.000 деца, за да се утврди влијанието на староста на мајката врз детето.

Испитувањето утврдило дека децата, кои ги родиле мајки во триесетите години, на возраст од 5 години имаат подобри резултати на тестовите од децата кои ги родиле мајки во дваесетите и во четириесетите години.

Како причина за ова истражувачите наведуваат дека мајките кои ќе го родат првото дете во своите триесети години се главно високо образовани, имаат подобри приходи, постабилна врска со партнерот, водат поздрав живот, ја планираат бременоста и порано почнуваат со пренатална нега.

Истражувањето утврдило дека мајките во триесетите најчесто ги дојат своите бебиња, не пушат и повеќе им читаат на своите деца.

Исто така, испитувањето утврдило дека мајките кои ќе родат дете во четириесетите години помалку си играат со децата и дека нивните деца се повеќе склони кон дебелеење. Бидејќи во целата студија вкупниот број на деца чии мајки имале повеќе од 40 кога ги родиле, бил релативно мал, само 53, ова бара дополнително истражување.

Фото: Pixabey

[better-ads type='banner' banner='999' ]