Дали и вам ви се радуваат вака кога ги земате од градинка? (ВИДЕО)

Една мајка пет години ги снимала радосните реакции на синот кога ќе ја видел како доаѓа да го земе од градинка. Од нив направила компилација која станала вирална. Погледнете го видеото

0
449
Фото: Твитер

Нема ништо поубаво и поискрено на овој свет од љубовта на детето. Најдобар доказ е видеото објавено на Твитер од @TeesePeese. Таа пет години ги снимала радосните реакции на синот кога ќе ја видел како доаѓа да го земе од градинка. Од нив направила компилација која станала вирална.

„Навистина го сакам ова видео. Ги снимав речиси секој ден неговите реакции кога доаѓав да го земам и вака реагираше секој пат. За неговиот 5-ти роденден ја направив оваа компилација, од периодот кога беше доенче до минатата недела“, напишала таа во описот.

Очигледно, момчето ја обожава својата мајка. Кога ќе ја види, се насмевнува, скока од радост и едвај чека да ја прегрне.

Новопечените родители понекогаш се грижат дека испраќањето на детето во градинка негативно ќе влијае на приврзаноста на детето, но според психологот Ноам Шпанзер, таа загриженост е неоснована се додека домашната средина е здрава.

А од видеото се гледа дека приврзаноста на ова дете со родителот не настрадала бидејќи дел од денот минувал во градинка.

[better-ads type='banner' banner='999' ]