Дали знаете што прават вашите деца во секое време?

Неодамна, калифорниската полиција опишала на Фејсбук необична ситуација во која се нашле нивните полицајци, и тоа благодарение на едно заиграно девојче на кое, очигледно, му било здодевно да седи на задното седиште од автомобилот.

0
167

Калифорниската полиција неодамна споделила на Фејсбук една необична порака од девојче кое мислело дека нејзината шега е забавна и смешна.

„Околу 17 часот нашата патрола примила повик дека едно девојче на автомобилскиот прозор држи лист на кој пишувало: ‘Помогнете ми, таа не ми е мајка’ Помогнете!’, стои во нивната објава.

Верувајќи дека девојчето е во опасност, полицијата веднаш стапила во акција, но наскоро било утврдено дека сето тоа го измислила затоа што сметала дека е забавно. Нејзината мајка, која возела и не знаејќи што прави нејзината ќерка на задното седиште од автомобилот, била целосно избезумена поради новонастанатата ситуација, па поминала неказнета.

„Ова е потсетник дека родителите секогаш мора да знаат што прават нивните деца, дури и додека се возат во задниот дел на автомобилот“, нагласиле полицијците, додавајќи дека во овој случај биле вклучени голем број полициски патроли. Така, тие губеле време на непотребни работи, наместо да одговараат на вистинските повици на граѓаните. Освен та, истакнале дека ним ваквите ситуации не им се воопшто смешни.

Нивната објава привлекла бројни реакции, при што повеќето се согласиле со тоа дека девојчето треба да одговара за непромислената шега, а поединци предложиле дури и социјално корисна работа. Сепак, некои не се согласиле со ова.

„Не постои начин родителот да знае точно што прават нивните деца во секое време и истовремено да биде внимателен возач. Во оваа ситуација, вниманието на родителот било усмерено точно каде што треба – на патот. Малку е неправедно да се очекува родителот да биде свесен за тоа што точно прави детето во задниот дел додека се обидува да се фокусира на сообраќајот и патот напред! Подобро е да ги научиме децата колку е опасно и проблематично ваквото однесување“, е еден од коментарите.

Фото: Фејсбук

[better-ads type='banner' banner='999' ]