Дали знаете колку е долга епидуралната игла?

Вирално видео на ТикТок ја покажува големината на епидуралната игла, а многу мајки останале запрепастени од снимката ...

0
809
Раѓањето на новороденчето е момент кој секоја бремена жена со нетрпение го очекува, но има многу прашања поврзани со ова па до тоа колку ќе биде болно породувањето.
Иако постојат неколку методи за ублажување на болката при породување, најчесто се користи регионална анестезија или епидурална аналгезија. Но, сите мајки кои се одлучиле за епидурал или оние кои размислуваат за тоа, сигурно се интересираат за тоа како всушност изгледа иглата со која се дава епидуралната.
Студентот по медицина Хансел Виера и д-р Карлос Де Ла Хоз собраа над 13 милиони прегледи со видеото што ја покажува големината на епидуралната игла.
Епидуралите стануваат сè попопуларни во многу држави, а најновото истражување објавено во списанието „Anesthesiology“ покажува дека 71 процент од бремените жени примаат епидурална или друга спинална анестезија.
На видеото, кое е прегледано над 13 милиони пати, студентот по медицина во Мајами, Хансел Виера и д-р Карлос Де Ла Хоз покажуваат три различни игли и бараат од гледачот да утврди која е со иста големина како епидуралната игла. Најголемата игла е онаа за епидуралната. Иглата се користи за вметнување катетер во долниот дел на грбот преку кој се даваат лекови против болки. Локален анестетик се нанесува и на местото на боцкањето пред да се вметне иглата за да се намали болката во областа.
Епидуралните игли се долги, за да може анестезиологот да има подобар пристап до епидуралниот простор. Должината на ваквите игли може да варира во зависност од индексот на телесна маса на пациентот. Колку повеќе маснотии има околу областа, толку подолга игла ќе треба да се користи за подобар пристап и ефикасна администрација на лекови.
Најчестото прашање е: Дали иглата оди до крај? И одговорот е, во повеќето случаи, не, но тоа повторно варира од пациент до пациент. Бројни прашања и одговори на социјалните мрежи покажуваат дека има премалку свесност и знаење за аспектите на здравствената заштита на жените. Ваквите извадоци од социјалната мрежа ТикТок, не само што го зголемуваат знаењето на луѓето за интервенции како што е епидуралната анестезија, туку исто така поттикнуваат поголемо сочувство кон бремените жени и мајките.
[better-ads type='banner' banner='999' ]