Дали е „извини“ секогаш добро?

Децата од нас ги купуваат речиси сите лоши навики, од грдите зборови, преку утринското мрзоволие па сѐ до лошите прехранбени навики. Но, што ако детето од нас го купи бесмисленото извинување за секоја ситница? Дали е зброт „извини“ баш секогаш добар?

0
125

Од мали нозе ги учиме децата на убаво однесување, да знаат да кажат добар ден, благодарам, ве молам, и она познато извини. Штом забележиме дека децата пцујат ги преземаме сите можни мерки за да го спречиме грдото однесување, „инсталираме“ тегличкисо парички во коисе потребно да се уфрла паричка за секој изговорен грд збор итоа е сосема во ред. Но, што ако детето почне претерано да го употребува зборот „извини“, ако гокористи неискрено и како средство да се спаси од казна?

Да се разбереме, многу е важно децата да научат да се извинат кога е тоа потребно и на некој налин да станат свесни за својата грешка, но тоа може да биде меч со две острици и тоа „извини“ може лесно да стане средство за манипулација.

Детето после некое време ќе помисли дека едноставното извинување ќе го ослободи од сите последици од лошите работи кои ги направил.

Друга крајност во која може да се отиде кога станува збор за извинувањето е тоа детето  да им се извинувана сите и секогаш дури и когаза тоа нема никаква потреба што исто така не е добро затоа што секако не сакате вашето дете да стане дежурен виновник кого некој ќе го искористува.

Треба да го научите детето дека „извини“ е потполно безначаен збор доколку немате добра причина да се извинувате или доколку навистина не го мислите тоа.

За да го научат вашите деца вистинското значење на зборот извини можеби би билодобро наместо тегла за пцуење дома да ставите тегла за извинување и секогаш кога детето ќе се извини заради некоја глупост или кога сметате дека извинувањето не е доволно искрено, во теглата мора да уфрли паричка. Секако, правилото  треба даважи и за децата и за родителите. Пробајте.

Фото: Pixabay

[better-ads type='banner' banner='999' ]