Родителите имаат нова грижа. Имено, на социјалните мрежи е актуелна расправијата за тоа дали ако ги скокоткате децата кога тие ве молат да престанете, станува збор за злоупотреба.
Сигурно на сите ви се случило да си го заскокоткате детето, а тоа толку слатко се смее, што вам никако не ви се престанува. Се разбира, кога ќе видите дека скокоткањето му станува непријатно, престанувате.
Токму така напишал еден родител: „Ако децата ве замолат да ги скокоткате, тоа им се допаѓа“, но треба да престанете кога ќе ви речат да запрете. Нивно тело, нивни правила. Тој објаснува дека станува збор за согласнот и дека на тој начин ги учиш дека кога станува збор за нивното тело, треба да важат нивните правила“.
Друг родител е изненаден и прашува: „Дали е злоупотреба на децата, ако продолжам да ги скокоткам, иако ми рекле да престанам? Затоа што штом ќе престанам, тие бараат уште”.
Ова предизвикало лавина од расправии. Некои не можат да поверуваат дека некој воопшто можел да помисли дека скокоткањето е злоупотреба, па заклучуваат дека скокоткањето во овој случај нема да го трауматизира детето.
„Што? Се расправаме околу скокоткање? 2020 е најлошото време досега”, додава друг.
Сепак, друга група луѓе се согласува со тврдењето за злоупотреба, пишува LADBible.
„Мразам да ме скокоткаат затоа што брат ми и сестра ми ме скокоткаа, ме скокоткаа и ме скокоткаа и тие не би застанале дури и ако почнам да плачам“, истакнал еден корисник на социјалните мрежи.
„Ги скокоткам моите деца, но застанувам во моментот кога ќе побараат да престанам“, се согласил друг.
Што мислите вие на оваа тема?
Фото: Freepik