Дали доите? А сте пробале да доите додека возите?

Една мајка од Бризбејн, Австралија се соочила со бројни критики затоа што го доела своето бебе додека возела. Снимката ја објавила на Инстаграм и предизвикала бројни негативни коментари. Што мислите вие за ова?

0
152

Мајка од Бризбејн објавила на својот профил на Инстаграм шокантна снимка од тоа како го дои своето бебе додека вози. Снимката предизвикала бројни негативни коментари. „Што би направиле вие?“, напишала таа покрај снимката.

Мајките од целиот свет коментираа со неверување.

Ненормално“, „Јас никогаш не би го направила тоа“, „Вие го загрозивте своето дете“, се некои од шокираните коментари.

Ова е опасно и лудо, но што можев да направам?“, се обидела таа да ја оправда својата постапка.

Жената го донесе детето во животна опасност. Дури и помал судир можеше сериозно да му наштети“, коментира Лорен Ричи од Кралскиот авто-клуб од Квинсленд за Nine News.

Педијатарката Деби Баер се согласила и додала: „Јас се залагам за доење, но сè си има свое време и место. Автомобилот во движење дефинитивно не е тоа “.

Мајката набрзо го заклучила својот профил, такашто контроверзното видео повеќе не е достапно.

Фото: Инстаграм

[better-ads type='banner' banner='999' ]