Дали доењето ве прави подобра мајка?

Пред породувањето, сите имавме план да ги храниме нашите бебиња исклучиво со мајчино млеко без никакви додатоци, но не оди сè како што планиравме, нели? Дали сме лоши и бескрупулозни мајки поради тоа?

0
99

Иако сите светски здравствени организации препорачуваат доење на бебињата најмалку една година, постојат мајки ширум светот кои се борат со одлуката дали да истрајат или да престанат да дојат порано. Не можеме да не се прашуваме дали доењето е она што ја прави жената добра мајка или добра мајка е многу повеќе од она со што го храни своето бебе?

Сите овие класификации и поделби се малку нефер заради сите оние жени кои од која било причина едноставно не се во можност да ги дојат своите бебиња и покрај големата желба, а кои навистина ги има многу.

Пред породувањето, сите имавме план да ги храниме нашите бебиња исклучиво со мајчино млеко без никакви додатоци, но не оди сè како што планираме, нели? Дали сме лоши и бескрупулозни мајки поради тоа?

Некои жени едноставно не можат да дојат

Навистина има мноштво медицински причини зошто жената не може да дои, од рак на дојка до мала продукција на млеко и проблеми со лактацијата па се до рано враќање на работа и неможност за усогласување. Кога станува збор за рак на дојка, доењето не се препорачува и се смета за опасно и за мајката и за бебето. Повеќето мајки кои не можат да дојат имаат многу прашања, дали се тие лоши мајки, дали требало да се трудат повеќе, дали требало почесто да измолзуваат млеко.

Треба да знаете дека само затоа што сите овие прашања многу ве вознемируваат, вие сте добра мајка а неможноста за доење не го намалува тој факт ниту за еден момент. Од друга страна, без оглед колку е добро доењето за бебето, никој нема да ве предупреди дека психички може да биде многу исцрпувачки. Ако сакате да доите и да сторите сé за да се осигурате дека вашето бебе има доволно млеко, посетете специјалисти за лактација, измолзувајте млеко, пијте чаеви и додатоци, продолжете, но ако видите дека сите ваши напори едноставно не ги даваат посакуваните резултати, можеби ќе сакате да разгледате некои други опции. .

Слободно консултирајте се со педијатар за употреба на вештачко млеко. Како знаете дека е време да се откажете? Во моментот кога ќе сфатите дека сето тоа ве оптоварува премногу што секој ден размислувате и плачете заради тоа, бидејќи и покрај вашите напори, бебето сè уште нема доволно млеко, ако вашето бебе е гладно и не добива тежина, можеби е време да се откажете. Треба да имате предвид дека е подобро вашето бебе да биде сито, вештачки да се храни отколку да биде ненахрането со мајчино млеко.

Што е поздраво?

Секако, јасно е дека мајчиното млеко има големо значење за здравјето и имунитетот на бебето, особено во текот на првите три месеци од животот, и ќе ви биде многу полесно ако го храните бебето само во текот на ноќта затоа што нема станување, миење и загревање млеко.

Она што сакаме да им го кажеме на сите мајки е дека не прави храната со која го храните вашето дете од вас добра или лоша мајка, туку љубовта што му ја давате.

Се разбира, и ние сме за доење, но ова е текст за поддршка на сите оние мајки кои имаат желба да дојат, но од која било причина не успеваат и мислат дека се лоши, што апсолутно не е точно.

Фото: Pexels

[better-ads type='banner' banner='999' ]