Дали децата кои помагаат во домашните работи се поуспешни?

Родителите можеби треба помалку да се фокусираат на запишување на своите деца на секоја активност, помагање околу тестовите и отстранување на сите препреки и наместо тоа, нека им дозволат малку да ги извалкаат рацете.

0
798

Науката потврдила дека родителите кои на своите деца им даваат домашни работи се во право. Чистењето на собата и малите задачи не се казна и мачење, туку го градат нивниот карактер и тие стануваат свесни дека се дел од заедницата.

Поттикнувањето на децата да направат нешто е еден од најдобрите начини да ги подготвиме за живот, велат научниците. Ако ги замолите да се вклучат во некои секојдневни работни активности, веројатно ќе бидат поуспешни подоцна во нивниот професионален живот. Значи, ќе имате двојна придобивка – тие ќе направат нешто за вас, а со тоа ќе изградат основа за својата подобра иднина.

Поранешната деканка на Универзитетот Стенфорд и авторка на книгата ‘How to Raise an Adult’ (Како да воспитаме возрасен), Џули Литкот-Хајмс си поставила за задача да ги поттикне родителите да започнат да ги вклучуваат своите деца во некоја работна активност, и зборувала на оваа тема на популарната работилница за TED Talk.

„Ако децата не ги мијат садовите, тоа значи дека некој друг го прави тоа за нив. И така, тие се ослободени не само од работа, туку и од учење дека работата треба да се заврши и дека секој од нас треба да придонесе за подобрувањето на целината“, објаснува Литкот-Хајмс. Таа додава дека ваквите работни активности имаат и дополнителни предности, затоа што помагајќи низ домот, децата тие учат за компетентноста и совладување на вештини, што ја гради самодовербата.

Придружувајќи им се на мама и тато додека прават нешто, вие исто така ги учите децата на благодарност кон своите родители, и на крајот, ако научат да средуваат, да готват или да перат алишта, тие ќе бидат многу поквалификувани да живеат самостојно.

Литкот-Хајмс исто така верува дека работните активности кај децата поттикнуваат одреден начин на размислување: оној што им кажува дека треба да се направат одредени работи, и тие треба да ги засукаат ракавите и да ја завршат работата. Исто така, ги охрабрува родителите да размислат и да ја прошират својата дефиниција за успех: Не станува збор само за завршување на факултет или за поставување на пат за градење на кариера.

Студијата сугерира дека можеби родителите треба да се фокусираат помалку на запишување на своите деца на секоја активност, на помагање околу тестови и на отстранување на сите препреки, наместо да им дозволат малку да ги извалкаат рацете. Бидејќи нешто едноставно како бришење на подот може да донесе поголема корист отколку да потрошите дополнителен час за математички вежби или за свирење пијано.

Се разбира, треба да се најде рамнотежа; ние сакаме да ги научиме децата на одговорности додека им дозволуваме да бидат деца.

Фото: Pexels

[better-ads type='banner' banner='999' ]