Дали ви-фи зраците се опасни за трудниците?

Она што е досега познато е дека потенцијална опасност постои и дека користењето на ви-фи во бременоста треба да се сведе на минимум.

0
454

Со секој напредок на технологијата се појавуваат и разни истражувања кои се занимаваат со нивното влијание на здравјето. Едно од поновите истражувања се занимавало со влијанието на ви-фи зраците врз бремените жени.

Почната е дури и кампања која сака да укаже на можните последици и потенцијални опасности на кои се изложуваат бремените жени ако често користат ви-фи интернет. Целта на кампањата која ја почнале организациите Environmental Health Trust и Grassroots Environmental Education е да ги едуцира сите идни мајки како да ја намалат изложеноста на фетусот на ви-фи зрачење.

Најголем проблем е тоа што научниците се уште не се сигурни како ова зрачење може да му наштети на фетусот во мајчиниот стомак па апелира до сите трудници што е можно помалку да користат ви-фи во текот на тие девет месеци слатко исчекување.

Тие исто така напоменуваат дека е потребно да се спроведат уште многу истражувања за да може со сигурност да се зборува за штетните последици од изложениста на ви-фи зраците, но она што е досега познато е дека потенцијална опасност постои и дека користењето на ви-фи во бременоста треба да се сведе на минимум.

За да се намали влијанието на ви-фи зраците, следете ги овие совети:

Избегнувајте да го носите мобилниот телефон близу до телото, во џебот од пантолоните или јакната.

Не дозволувајте мобилните уреди (таблет, лаптоп) да ви го допираат телото додека се конектирани на мрежа.

Кога разговарате на мобилен, користете слушалки или спикерфон.

Избегнувајте користење мобилни уреди во автомобилот, автобусот или во лифт.

Исфрлете ги сите безжични уреди од просторијата во која спиете.

Користете ви-фи само за „даунлодирање“, а потоа дисконектирајте се и гледајте ја содржината.

Немојте да стоите во близина на рутерот или модемот за интернет конекција.

Кога не ги користите, едноставно исклучете ги.

Педијатрите апелираат до сите научници да истражат и јавно да кажат како ви-фи зрачењето влијае врз трудниците и врз фетусот затоа жените заслужуваат да го знаат тоа. Исто така, педијатрите предупредуваат дека во последните неколку децении откако мобилните уреди станале наше секојдневје, драстично се зголемил бројот на деца со невролошки пореметувања и дека би требало да направиме се што е во наша моќ таа бројка во иднина да се намали.

[better-ads type='banner' banner='999' ]