Дали вакцинацијата е нешто како „игра на среќа“?

Наташа Чучкова Никчевска e специјалист-педијатар во Жан Митрев Клиника. Доколку имате било какво прашање или дилема во врска со здравјето на вашето дете, напишете ги на профилот на Фејсбук на порталот „Мајка и дете“ и очекувајте ги одговорите од нашата соработничка.

0
252

Нашата соработничка Наташа Чучкова Никчевска, специјалист-педијатар во Жан Митрев Клиника, одговара на прашањата на нашите читателки.

Јас сум мајка на две момчиња, но моето помало решив да не го носам на вакцина со ММР додека не проговори и не прооди. Причината е лошото искуство  кое го имав со постариот син кој ја прими оваа вакцина со неполни 13 месеци. После вакцината се сменија многу работи, особено во неговото однесување. Уште истиот ден кога ја доби вакцината почна да ја зафрла главата наназад и тоа го прави и сега, со 2,5 години, а со зборувањето не напредуваше до неодамна, додека не почнавме да го носиме кај приватен логопед кој утврди дека доцни во развојот. Нема добра концентрација за негова возраст, а имам чувство и дека не умее да размислува. Затоа второто дете нема да го носиме на вакцина се додека потполно не проговори и не прооди. Децата ги чувам јас со помош на баба им, но сепак се плашам од зараза со сипаниците, а се плашам и од вакцината. Дали некој може да ми гарантира дека истото нема да се случи и со второто дете ако го однесам на вакцина?

Преваленцијата на пореметувањата од Аутистичен спектар се чини дека се зголемени од 1980. година до сега. Многу од овој тренд се должи на тоа што е променета-дефиницијата- на ова пореметување, како и тоа дека е зголемена свесноста за аутистичниот спектар. Дали е или не е зголемена инциденцијата на аутизмот останува нејасно. Многубројни големи, добро дизајнирани епидемиолошки студии и систематски прегледи не наоѓаат асоцијација помеѓу вакцината за морбили, заушки и рубеола со аутистичниот спектар.

Во однос на тоа дали некој може да гарантира нешто, единствено може да се гарантира дека администрацијатa на вакцините во детска возраст води до деклинација на инциденцата на тие болести за кои се вакцинира, кои имаат тешки секвели (задоцнет ефект од болест е сегашна состојба која е предизвикана од некоја претходна состојба, н.з.).

Недавањето на вакцини на децата, поради постоење на хипотетичен ризик, го изложува детето на вистински ризик од вистинска инфекција која може да има сериозни секвели.

Моето дете има 12 месеци и наскоро треба да почне да оди во градинка, а се уште не е вакцинирано и многу се плашам од последиците па постојано читам и слушам за сите позитивни и негативни страни на вакцините. Имам и прашање за вас: Доколку навистина вакцината не е поврзана со аутизмот зошто кај многу деца тие се поклопуваат и дали во тој случај останува вакцинацијата да биде нешто како „игра на среќа“? Како да знам дека и кај моето дете таа нема да биде тригер за да се пројават симптомите на аутизам и дали доколку не ја примел, ќе се случело истото?

Вистинскиот или перцепираниот пораст на аутистичниот спектар се случува во време кога се зголемува и бројот на препорачаните вакцини за деца. Родителите на деца со аутистичен спектар идентификуваат привремена асоцијација помеѓу имунизацијата и почетокот на повеќето од евидентните симптоми на аутистичниот спектар во втората година на животот.

Тоа води до шпекулации дека одредени вакцини или супстанците во вакцините може да имаат улога во развојот на аутистичниот спектар. Како и кај претходното прашање, многубројни големи, добро дизајнирани епидемиолошки студии и систематски прегледи не наоѓаат асоцијација помеѓу вакцинацијата, со временската рамка на појавувањето на симптомите на аутистичниот спектар.

Мојот син е сега возрасен, но кога беше мал, по операцијата на третиот крајник, тој се регенерираше па мораше подоцна да одиме на уште една операција кога му беа извадени сите крајници. Сега имам внука од него која исто така треба да оди на операција на третиот крајник. Ме интересира колку често се случува вакво нешто – регенерација на трет крајник, затоа што не би сакала мојата внука да го доживее истото?

Во однос на одговор на ова прашање, посоодветно е да го поставите на ОРЛ специјалистот/хирург кој ќе ја прави операцијата, тој е најстручен и најнадлежен во овој случај. Јас можам да ви одговорам ориентационо дека кај деца помали од 5 години регенерацијата на аденоидите е почеста, а се случува статистички кај 19 отсто од децата.

Фото: Pixabay

[better-ads type='banner' banner='999' ]