„Големиот Брат“ ги набљудува учениците во Кина

Воведувањето нови, според многумина, сурови методи во системот на образованието, ја потврдува тезата дека Орвел во многу нешта ја предвидел иднината.

0
67

Во училиштата во Кина почнала примена на систем кој ги препознава лицата на учениците, а врз основа на добиените податоци е можно да се идентификува однесувањето и расположението на децата додека се во училниците.

Системот е осмислен такашто на секои 30 секунди ги бележи поединечните изрази на лицата и ги обработува информациите. Базата разликува седум различни видови изрази, како што се неутрален израз, среќен, тажен, исплашен, разочаран, лут и изненаден.

Наречен е „Intelligent Classroom Behavior Management System“, а покрај изразите на лицата детектира и шест различни облици на однесување, како што се читање, пишување, кревање на рака, слушање и други.

Неговата имплементација ќе отвори можности за дополнителни анализи на однесувањето нс учениците, а ќе биде поедноставено евидентирањето на присуството, односно, отсуството на поединци од наставата.

Дали станува збор за метод кој ќе го крене образовниот процес на повисоко ниво или средство со кое предлабоко се задира во интимата на поединецот, просудете сами.

Фото: Pixabey

[better-ads type='banner' banner='999' ]