Голема забава со Петко, „Поточиња“ и вкусна храна пред Веро Тафталиџе

0
262

Голема забава со концерт на Петко и неговиот бенд „Пет плус“, хитовите на хорот „Поточиња“, акробати и многу други изненадувања, ги очекуваат децата и нивните родители во сабота (22 септември) кај новото детско игралиште на паркингот пред Веро Тафталиџе во Скопје.

Дружењето го организира „Веро“ со цел да ги поттикне децата повеќе да другаруваат и да поминуваат повеќе време во различни забавни и спортски активности на отворено. Забавата ќе почне во 11.30 часот, а ќе трае до 13.30 часот. За време на двочасовната дружба, децата ќе се забавуваат со омилениот лик Петко и со неговите пријатели, ќе ги пеат најголемите хитови на „Поточиња“, а забавата дополнително ќе ја загреат акробати од „Фазбабл“ кои ќе ги покажат своите вештини.

Уживањето ќе го надополнат дегустациите на вкусна храна за посетителите, како и привлечниот дополнителен попуст за пазарување во „Џамбо“. Имено, во периодот од 22 до 25 септември, за секоја сметка над 1.000 денари направена во маркетот Веро Тафталиџе, потрошувачите ќе добијат ваучер со 100 денари попуст во „Џамбо“ кој може да го искористат до 25 октомври.

Од „Веро“ истакнуваат дека забавата ја организираат поттикнати од податоците од истражувањата за детскиот развој кои покажуваат дека децата во земјава поминуваат многу повеќе време во затворени простории отколку надвор. Имајќи ја предвид ваквата ситуација, но и фактот дека за активности на отворено се потребни квалитетни и интересни локации, „Веро“ изгради најмодерно детско игралиште во непосредна близина на маркетот Веро Тафталиџе. Игралиштето е донација од „Веро“ за жителите на Тафталиџе, но и за сите граѓани кои сакаат нивните деца да поминат квалитетно време играјќи си со своите врсници на отворено.

– Стручните лица постојано предупредуваат за негативните ефекти од недоволната физичка активност и престојот на отворено врз здравјето на децата во развој. Со изградбата на игралиштето сакаме за децата да обезбедиме пријатно, безбедно и интересно катче каде што ќе може да се дружат и да спортуваат. Игралиштето е наш придонес кон целата локална заедница, особено кон најмладите, со примарна цел да помогнеме во нивниот правилен развој – вели Љубица Короскоска, маркетинг-директор во компанијата „Веропулос“.

[better-ads type='banner' banner='999' ]