Глув татко споделил трогателно видео во кое неговата ќеркичка му ги толкува звуците од околината

Дали некогаш сте се запрашале како им е да одгледуваат дете на родителите со сериозно оштетување на слухот?

0
456

Еден глув татко споделил видео од својата мала ќерка Медисон на ТикТок, во кое таа му интерпретира звуци додека се заедно во продавница.

„Јас сум глув, но ќерка ми слуша“, вели Захари на знаковен јазик во сега виралното видео на ТикТок.

„Ова е првпат таа да се обиде да преведе звуци од мојата околина“. На видеото се гледа како малата Медисон во продавницата испушта две пакетчиња сунѓери што ги носи и прави знаци за „бебе“ и „плачење“.

Захари објаснува на знаковен јазик „Бебе плаче? и гледа кон звукот на бебето што плаче во близина.

Неколку луѓе се прашувале зошто Медисон носи толку многу сунѓери, на што мајката Кортни подоцна објаснила во коментарите дека дозволувањето на нејзината ќерка да носи работи ѝ помага да се фокусира и да ги намали изливите на бес во продавниците.

„Беше опседната со сунѓери“, напишала таа во следната објава. „Мислам дека ѝ се допаѓа звукот на шушкањето на пакувањето.

Емпатијата и способноста да се комуницира од најмали нозе

Луѓето на ТикТок ја пофалија двојката што одгледува таква прекрасна и емпатична личност.

„Таа не само што го покажа на знаковен јазик она што го слушна, туку препозна и дека вие тоа не можете да го слушнете. Неверојатно”, коментира едно лице.
Друг вели дека е „паметно девојче, која учи два јазика во исто време, ги поврзува додека комуницира во нејзиниот свет“.

Но, можеби најсоодветниот коментар беше оној кој истакна „колку емпатично и убаво срце има!“

Знаковен јазик за мали деца

Иако бебињата почнуваат да зборуваат на возраст од околу 12 месеци, тие можат да комуницираат со нас многу порано. Според здружението Australian Baby Hands, детскиот знаковен јазик може да помогне да се намали фрустрацијата на родителите и нивните бебиња. Исто така, помага да се забрза процесот на говор и да се стимулира развојот на мозокот.

Истражувањето на детскиот знаковен јазик покажало дека оние деца кои се изложени на бебешки знаковен јазик се посамоуверени и имаат зголемена самодоверба. Ова, исто така, може да помогне во зајакнувањето на речникот на детето и да помогне да се создаде силна основа за поголема писменост во иднина.

[better-ads type='banner' banner='999' ]