„Гледај, но не допирај“! Зошто родителите ставаат вакви знаци со предупредување?

Родителите на прерано родените бебиња се измориле заради тоа што постојано ги предупредуваат луѓето да не им ги допираат бебињата, па се одлучиле на нови мерки. Би го направиле ли и вие ова?

0
252

Денот кога родителите конечно ќе го донесат предвреме роденото бебе дома, е посебен момент за прослава во целото семејство. Честопати таа среќа може да ја загрози стравот дека другите луѓе ќе му пренессат на бебето некоја болест или бактерија на тоа малечко чувствително суштество. Затоа родителите во Америка почнале да ставаат на количката знаци за луѓето да знаат тие не сакаат никој да им го допира бебето, а не сакаат тоа да го изговорат затоа што во некои ситуации тоа може да биде прилично непријатно.

Компанијата Tags4Tots е популарна помеѓу родителите кои сакаат да се почитуваат нивните правила.

Компанијата ја основала Џоана Акерман која и самата била мајка на недоносено дете. Кога се вратила дома од болница сакала да се погрижи нејзиното дете да биде безбедно и никој да не претставува зaкана за неговото здравје. Така настанале овие знаци за детските колички.

Мајката на едно прерано родено девојче ја споделила својата благодарност за овие знаци, објаснувајќи: „Дојдов тука и веднаш ги нарачав. Со доаѓањето на сезоната на грип и неконтролираната желба на луѓето да ги пикаат своите прсти во детските колички, ова мора да се има. Имаат различни предупредувања, не само за прерано родените бебиња“.

Многу предупредувања се пристојни, но се многу цврсти во својот став: „Јас сум Палче! Тоа значи дека сум многу мала, но супер слатка и супер чувствителна. Без допирање! Твоите бактерии се преголеми за мене“ – е само една од пораките.

Постојат различни предупредувања, родителите можат да избираат ако повеќе не им се зборува. Секој родител има свои правила кога станува збор за бебето и тие треба да се почитуваат.

[better-ads type='banner' banner='999' ]