Вработените мајки кои имаат едно дете се под поголем стрес од оние невработените. И тоа за 18 отсто.
Но како што расте бројот на деца, расте и нивото на стрес. Веќе со две деца вработените мајки почнуваат да бидат дури 40 отсто повеќе под стрес од другите луѓе.
Имено, најголемото истражување од овој вид, и тоа под раководство на професор Тарани Чендола од Универзитетот во Манчестер, д-р Кер Букер и професор Микеле Бензевал од Институтот за социјални и економски истражувања на Универзитетот Есекс. Тие ги испитувале биолошките податоци на 6025 учесници кои ги собрале медицинските сестри во UK Longitudinal Surveyj, пишува Гардијан.
Според резултатите на нивното истражување, тукушто објавено во списанието Sociology, ниту работењето од дома ниту флексибилното работно време не помогнале да се намали стресот на вработените жени. Но намалувањето на бројот на работните часови имало позитивно влијание.
„Конфликтот помеѓу работата и семејството е поврзан со зголемен психолошки напор, со повидоки нивоа на стрес и пониски нивоа на добри ефекти. Родителите на мали деца се посебноизложени на ризик од судири на работа и во семејството. Работните услови кои не се флексибилни кон барањата на семејството, како што се долгите работни часови, можат негативно да влијаат на растот на стресот“, објаснил Чендола.
Фото: Pixabey