Во Црна Гора е забрането купување подароци за учителките за 8 март

Дали чувствувате притисок кога доаѓа време за купување подарок за учителките за 8 март и што мислите за овој потег на црногорското министерство за образование, наука, култура и спорт?

0
96

Министерството за образование, наука, култура и спорт им наредило на директорите на основните училишта да го спречат организираното купување на подароци за учителките на 8 март и со тоа да ја запрат практиката што важи со години во образовните институции, пишуваат црногорските медиуми. Во писмото испратено до директорите на 2 февруари се вели дека родителите се обратиле до Министерството за образование „со приговор дека со анимирање преку вибер групи, од учениците се собираат парични средства за купување подароци по повод одредени датуми“.

Во писмото од министерството се бара од директорите да ги спречат овие активности во соработка со наставниците, со оглед на тоа што тие не се однесуваат на воспитната и образовната функција на училиштето.

Според член на Синдикатот за образование, одлуката на министерството да забрани купување подароци за наставничките за 8 март изгледа строга и ладна само на прв поглед.
„Треба да се знае дека овој вреден празник на нашите ценети колешки во претходните години го изгуби смисолот поради кичот и конкуренцијата кој ќе купи поскап подарок и ќе изрази љубов и внимание на тој извитоперен начин“, изјавил тој.

Што мислите вие за овој потег?

Фото: Pexels

[better-ads type='banner' banner='999' ]