Без тестови и речиси без домашни задачи, така финските ученици стасуваат со средното училиште. Тоа изгледа не им пречи, затоа што и нивниот образовен систем е меѓу најдобрите во светот, а децата постигнуваат најдобри резултати на натпреварите.
Прво, тие доаѓаат на училиште со велосипеди, за разлика од нашите деца кои или ги носиме со автомобил или пак, оние на кои училиштето им е близу, пешки. Исто така, во финските училишта не се подразбираа седењето во клупа.
„Децата учат на различни начини, некои уживаат да седат на клупа, да имаат свој простор, други бараат место на кое им е удобно“, вели наставничката Софија Гико.
Четвртина од часовите по сите предмети меѓу кои е и рачната работа, ги имаат на англиски јазик. Децата во Финска имаат домашна задача, но не им одзема повеќе од неколку минути дневно.
„Обично морам да напишам неколку реченици од фински, а за домашното по математика ми се потребни две минути“, велат децата.
А ниту толку не треба да издвојат за стандардни чести тестирања.
„Тестовите создаваат атмосфера на натпревар, нема потреба да ги оценувате секој ден, процесот на учење трае цела година“, вели наставничката.
Образование за сите, но со сите не се постапува исто. Финска има систем кој се заснива на индивидуалните потреби и можности на учениците. А наставникот има и автономија во својата работа.
„Како и во тимските спортови, ако контролираш премногу играчи, не можат да пружат добра игра. Тоа Финска.го правеше до деведесетите, а потоа одлучивме повеќе да им веруваме на учителите“, вели Паси Сахлберг, гостувачки професор на Харвард.
И тоа ги доведува до натпросечни резултати на ПИСА тестовите во однос на нивните врсници од другите земји. Така и да се биде наставник во Финска е посакувана професија.
„Професијата наставник е многу ценета. На факултетот кадешто ги школуваме идните наставници, примаме само 10 отсто од пријавените“, вели Арто Калионијеми од Учителскиот факултет.
После основното училиште кое трае до 16.години, учениците можат да бираат помеѓу општо или стручно средно училиште, некој вид на колеџ со 27 профили.
„Јас сум втора година на дизајн, и сега веќе правиме облека која им ја продаваме на вистински купувачи за 400-500 евра“, вели еден студент.
„Во нашиот систем нема ќорсокак, секогаш можеш понатаму, а и секој курс е бесплатен. Ние не ги обучуваме за невработеност“, вели Ерика Кантонен од Стручното училиште.
Платата на наставниците во Финска е околу 3 илјади евра. Сепак, и натаму, како што велат, можете повеќе да заработите како добар водоинсталатер во Хелсинки, отколку како наставник во основно училиште.