Во ред е да се внесува одредена количина кофеин во бременоста

Додека бремените жени и оние кои се обидуваат да забременат треба да го ограничат внесот на кофеин, неколку шолји чај или кафе на ден се сосема во ред, велат експертите.

0
161

Додека бремените жени и оние кои се обидуваат да забременат треба да го ограничат внесот на кофеин, неколку шолји чај или кафе на ден се сосема во ред, велат експертите.

Нивните коментари доаѓаат по новото истражување објавено во медицинско списание кое сугерира дека не постои безбедно ниво во бременоста.

Но, експертите велат дека тоа е претерано.

Многу организации велат дека конзумирањето 200 мг или помалку на ден не треба да претставува значителен ризик во однос на спонтан абортус или раст на бебето додека е во матката.

Добротворната организација за мртвородени Tommy’s има калкулатор за внес на кофеин за да им помогне на жените да ја следат неговата консумација.

Контроверзниот истражувачки труд објавен во BMJ Evidence Based Medicine  разгледува 48 студии на оваа тема.

Авторот на тој труд, професорот Џек Џејмс, психолог од универзитетот Рејкјавик во Исланд, признава дека трудот е набљудувачки, па не може да докаже дефинитивно дека секоја количина кофеин во бременоста е штетна.

Но, тој вели дека неговата анализа, која го поврзува кофеинот со штетата, сугерира дека избегнувањето на пијалоци како чај и кафе во целост ќе биде најдобриот совет за бремените жени и жените што се обидуваат да забременат.

Други експерти остро се спротивставуваат, велејќи дека ова е претерано.

Исто како што направи NHS, Европскиот орган за безбедност на храна и американските и британките колеџи за акушери и гинеколози, кои препорачуваат ограничување, но не и елиминирање на консумацијата на кофеин за време на бременоста.

И д-р Лук Гржесковиак, фармацевт на Универзитетот во Аделаид, Австралија, вели дека истражувачкиот труд е „премногу алармантен“ и не е во согласност со прифатените докази.

„Има толку многу дилеми околу тоа што е дозволено, а што не е во бременоста и последното нешто што ни треба е да предизвикаме непотребна вознемиреност. На крајот на денот, жените треба да бидат уверени дека кофеинот може да се конзумира во умерени количини за време на бременоста“.

Ендру Шеннан, професор по акушерство на Кингс колеџ во Лондон, вели: „Кофеинот е долго време во човековата исхрана.

„Како и многу супстанции кои се наоѓаат во нормалната исхрана, штети во бременоста може да се најдат само во високите дози.

„Сепак, набљудувачката природа на овие податоци со својата својствена пристрасност не укажува со сигурност дека ниските дози на кофеин се штетни, па сегашните совети да се избегнуваат само високи дози на кофеин, веројатно нема да се променат“.

Фото: Pexels

[better-ads type='banner' banner='999' ]