Во едно британско основно училиште морале да вработат „менувач на пелени“

Иако можеби звучи неверојатно, едно основно училиште во Валсал во Велика Британија морало да вработи лице кое  ќе им ги менува пелените на децата затоа што многу од нив не знаат смаи да одат во тоалет и да вршат самите нужда.

0
186

Сѐ поголем е бројот на децата кои не знаат да користат тоалет, што е ужасно тешко за учителите, но и за другите деца кои ги немаат тие проблеми. Од училиштата не можете да очекувате да бидат заменски родители или да ги лекуваат сите општествени болести“, истакнала главната училишна инспекторка Аманда Спилмен.

Крис Тови, член на советот за образование, разговарал со управителите на 80 градинки и основни училишта и бил шокиран со она што му го кажале. Инаку, децата во Велика Британија во училиште се тргнува со наполнети пет години, а веќе со 11 одат во средно училиште кое мораат да го посетуваат до својата 16.година.

„Ние овде зборуваме за петгодишници, што е едноставно неприфатливо! Децата не знаат правилно да комуницираат, не знаат да користат прибор за јадење, не знаат да држат молив. Ако ги немаат основните вештини, како можат да се образуваат? Не можеме така понатаму. Ако не го запреме ова, само ќе биде полошо“, рекол Тови.

Една студија покажала дека родителите немаат довоно време да се занимаваат со своите деца и да ги научат на некои основи во однесувањето, што е за просветните рабтници неприфатливо затоа што таа одговорност тогаш паѓа на нив.

„Многу родители мислат дека не е важно да се приготви детето за поаѓање на училиште, затоа не обрнуваат премногу внимание на нивното однесување“, рекол Спилмен.

Фото: Pixabey

[better-ads type='banner' banner='999' ]