Вечна полемика: Дали на бебињата да им се дупат ушите или не? (ВИДЕО)

Една мајка ставила видео на ТикТок на кое се гледа како на нејзиното 6-месечно бебе му ги дупат ушите. Видеото предизвикало спротивставени реакции, па додека многумина ја напаѓаат, има и такви кои ја бранат. Што мислите вие за ова?

0
312

И покрај тоа што секој родител има право да го воспитува своето дете како што сака, понекогаш мајките и татковците се наоѓаат на удар на критики за нивните одлуки. Тиктокерката Кристи Болтон се нашла во таква ситуација, бидејќи одлучила да ѝ ги дупне ушите на својата шестмесечна ќерка.

Таа објавила видео на ТикТок што предизвикало поделени реакции. Додека едните сметаат дека е сурово тоа што родителите воопшто го подложуваат детето на таква болка, други посочуваат дека тие самите поминале низ тоа и дека денес воопшто не се сеќаваат на болката.

Видеото, прегледано повеќе од 6 милиони пати, покажува како Кристи седи со бебето во скутот. Детето мирно гледа наоколу се додека вработената не ѝ го дупне увото со таканаречен „пиштол“. Потоа се стресува во шок и почнува да плаче гласно до тој степен што лицето му станува многу црвено.

„Зошто некој намерно би му го направил ова на своето дете“, прашува едно лице.

„Ова треба да се забрани, тоа е сосема непотребно. Кутрото дете, ова не е негов избор”, вели друго лице.

Но дел од луѓето кои коментираат застануваат во одбрана на мајката.

„Тоа е нејзино дете“, „Ова не е злоупотреба. Мило ми е што моите родители ми ги дупнале ушите додека сум била бебе, бидејќи воопшто не се сеќавам на тоа”, коментираат тие.

@kristybolton6

#baby #earpiercing

♬ Oh No Oh No Oh No No No – Dubskie

Што мислите вие за ова?

Фото: ТикТок

[better-ads type='banner' banner='999' ]