Вака растат среќни деца

Еве неколку научно докажани начини за вашите деца да пораснат среќни и полни со самодоверба

0
1223

Родителите често се прашуваат дали прават се што можат најдобро што можат, дали би можеле да дадат повеќе, да се потрудат повеќе за нивните деца да растат среќно и здраво. Но, „тајната“ на доброто родителство е многу едноставна: посветете им се на децата, но и научете ги на вистински вредности и не го заборавајте најважното: децата го прават она што гледаат дека вие го правите, не она што им велите дека би требало да го прават.

„Hafington post“ пренесува неколку обрасци на однесување за кои науката докажала дека позитивно влијаат на развојот и растењето на децата.

Работете

Мајките често имаат дилема дали да се вратат на работа посе раѓањето на детето, секако, ако можат да си го дозволат тоа, или не. Сепак, истражувањата покажуваат дека девојчињата чии мајки работат, подоцна имаат поуспешни кариери и подобро се снаоѓаат во работата од оние чии мајки биле домаќинки. Од друга страна, момчињата чии мајки работее, подоцна, кога станале возрасни, биле поподготвени да му се посветат на семејството: Освен тоа, ако двајцата родители работат, семејството е финансиски постабилно, има помалку нервоза и децата растат посреќни.

Испратете ги децата порано во кревет

Кога одат порано на спиење за децата тоа значи подобро емотивно и ментално здравје, а освен тоа, децата кои се убаво наспани се и добро расположени и орни за играње во секој момент.

Кога си играте, играјте си без мобилен

Кога поминувате време со децата, мобилниот телефон, пораките, мејловите…можат и мораат да почекаат. Ако ви е телефонот постојано во рацете, дури и кога се шетате ии си играте со децата, вие не сте им целосно посветени. Децата го чувствуваат тоа и стануваат нервозни и непослушни, па наместо да уживате во заедничкото време, ќе се скарате. Зошто да пропуштате скапоцени моменти од растењето на своите деца заради туѓите фотографии на Инстаграм?!

Пејте, читајте, разговарајте

Дури и ако немате слух, пејте. Истражувањата покажжале дека пеењето на децата во раното детство значително влијае врз блискоста на родителите и децата, а сосема маите деца, пеењето брзо ќе ги смири ако се вознемирени или нервозни. Освент оа, децата кои растат со читање и пеење, растат во луѓе кои ќе имаат голема самодоверба.

Бидете физички активни

Прво, децата кои ќе се изморат во текот на денот, навечер спијат убаво, а второ, истражувањата покажале дека децата кои пораснале поминувајќи го времето со родителите надвор, во парк или на игралиште трчајќи по топката или играјќи жмурки, од мали нозе ќе го имитираат однесувањето на родителите и во зрелата возраст се физички многу поактивни луѓе од оние на чии родители им било поважно детето да биде чисто и испеглано отколку да си играат со нив.

[better-ads type='banner' banner='999' ]