Бразилски доктор танцува со жените пред породување

Вака породувањето трае пократко и помаку боли, тврди доктор Фернандо Гудес да Куна.

0
639

Познат како „разигран доктор“, овој Бразилец смислил супер метода со која ги опушта трудниците пред породувањето.

Породувањето е за многу жени едно од најубавите, но и најстресни искуства во животот, барем тогаш кога ќе почнат породилните болки. Дали ќе боли, дали се ќе помине во ред, се прашањата кои на многу идни мајки во тие моменти им минуваат низ глава.

Еден бразилски доктор популаризирал метода за опуштање пред породувањето која е поткрепена и од науката – танцувањето.

Доктор Фернандо Гудес да Куна, познат како „разиграниот доктор“, на својот Инстаграм ојавува снимки на кои врти со колковите и танцува со жените кои само што не почнале да раѓаат. Секогаш се танцува на најголемите хитови.

Докторот не танцува исклучиво поради забава. Имено, истражувањата покажале дека движењата во текот на трудовите го олеснуваат самиот чин на раѓањето.

„Танцувањето, активностите со топка и клековите се нешто што ги оеснува трудовите. Се повеќе се трудиме да воведеме овечки мерки за да им помогнеме на трудниците“, рекол др. Куна.

Многу негови танцови движења вклучуваат клекови, нишање со колковите и вртење. Болницата Unimed Vitoria, на чија Фејсбук страница стои едно од споменатите видеа, пишува дека движењето на жените во текот на трудовите придонесува за опуштање и полесно породување. Породувањето трае во просек околу осум часа, но многу студии покажале дека благодарение на танцувањето може да трае и значително пократко и да биде побезболно.

„Детето треба да се движи низ родилниот канал, па затоа кога мајката се движи на некој начин му помага на бебето полесно да го најде патот за надвор“, објаснила докторката Регина Каплан.

Танцот не е единствена пракса која ги олеснува трудовите. Епидуралната инјекција е многу чест облик на ублажување на болките во вратот, рацете и грбот. Кегеловите вежби исто така се препорачуваат, како и вежбите за карлицата.

Трудниците треба да вежбаат ритмичко дишење или земање брзи здивови секои две до три секунди. Стручњаците велат дека и стимулацијата на брадавиците (со рака или електрична пумпа за издојување) ги поттикнува и ги забрзува трудовите, пишува Дејли Мејл.

[better-ads type='banner' banner='999' ]