Болничарка ги предупредила родителите да не им купуваат на децата мали чоколадни јајца

„Задушувањето е тивко и се случува брзо“, предупредила таа, додавајќи дека е исклучително важно да знаете што да правите во случај на задушување. Многу родители биле благодарни на советот и признале дека никогаш не биле свесни за опасностите од конзумирањето на малите велигденски чоколадни јајца,

0
680

Ники Јуркуц, која работи како извршна директорка на родителската организација Tiny Hearts Education, предупредила дека малите чоколадни јајца кои обично им се купуваат на децата за Велигден, претставуваат опасност од гушење за децата. Според неа, поради нивната големина и форма слична на грозје, тие можат да заглават во дишните патишта на малите деца.

Наместо тоа, Ники предлага да се купат поголеми чоколадни јајца кои се шупливи одвнатре затоа што лесно можат да се иситнат на помали рамни парчиња. Ова значи дека тие се далеку помалку опасни за децата, што ги прави подобар избор за Велигден.

„До 85 проценти од смртните случаи од гушење се предизвикани од храна, а Велигден е зад аголот и сакам ова да ви биде на ум“, напишала Ники на Инстаграм страницата на Tiny Hearts Education.

„Задушувањето е тивко и се случува брзо“, предупредила таа, додавајќи дека е исклучително важно да знаете што да правите во случај на задушување.

Нејзиното предупредување привлекло илјадници лајкови, а многу родители биле благодарни на советот и признале дека никогаш не биле свесни за опасностите од конзумирањето на малите велигденски чоколадни јајца, пренесува The Sun.

Патем, Ники е болничарка и мајка на две деца, чиј Инстаграм профил Tiny Hearts Education станува сè попопуларен поради корисните совети.

Фото: Pexels

[better-ads type='banner' banner='999' ]