Бебе со Даунов синдром стана заштитно лице на компанија за храна за деца

Малиот Лукас победил помеѓу 14 илјади деца на конкурсот за заштитно лице на американската компанија за храна за деца „Гербер“  

0
184

Малиот Лукас Ворен има еднаипол година, а веќе станал ѕвезда. Лукас е одбран помеѓу 14 илјади други деца кои се пријавиле на конкурсот за заштитно лице на американската компанија за храна за деца „Гербер“.

Инаку, Лукас има Даунов синдром и освен ангажманот, добил и парична помош – 50 илјади долари кои неговите родители ќе ги употребат за образование на ова шармантно мало момче.

„Не сакаме неговата дијагноза да го кочи во животот“, велат гордите родители и додаваат дека се пресреќни затоа што Лукас ќе биде на фотографиите и во видео рекламите за брендот „Гербер“, но пред сѐ, неговиот пример ќе им даде надеж на сите други родители кои имаат деца со истата дијагноза.

[better-ads type='banner' banner='999' ]