Алиментација за децата или џепарлак за мајките?

Една жена од Шкотска ги разгневила своите следбеници на ТикТок велејќи дека со алиментацијата за своите три деца, таа си ја плаќа депилацијата. Најголемата причина што многумина не плаќаат алиментација е тоа што многу жени размислуваат вака и парите за детето ги гледаат како џепарлак за себе..., напишал еден Тиктокер во коментарите.

0
416

Сузан живее во Шкотска. Таа е мајка на три деца која доби многу негативни коментари и пораки откако на ТикТок откри дека парите од алиментација ги користи за да оди на козметичар.

„Кога тој не сака да плати алиментација на време, а вие ќе им го дадете неговиот број од осигурувањето, па тој ќе плаќа и за вашата депилација“, вели Сузан Скот во видеото.

Иако подоцна изјавила дека целото видео е шега, веднаш предизвикала гнев кај луѓе од целиот свет кои почнаа да ја критикуваат.

„Најголемата причина зошто многумина не плаќаат е што многу жени размислуваат вака и гледаат на парите за детето како на џепарлак за себе“, напишал еден од коментаторите на видеото, а на нејзина сметка паднале навреди и многу грди зборови, па тоа отишло толку далеку што рекле и дека „некои луѓе не заслужуваат да имаат деца“.

Сузан во коментарите напишала дека никогаш не добила алиментација и дека се уште е во среќна врска со таткото на своите три синови и додала дека самата работи како козметичарка, така што нема потреба да оди во други салони и да плаќа за нивните услуги. И покрај тоа, тензиите не се смирија. Сепак, поединци застанале во нејзина одбрана, велејќи дека без разлика на што ги троши своите пари, на крајот сепак се грижи за децата и нивните потреби.

„Таа е таа што ги поддржува децата секој ден, со или без помош, ирелевантно, и се грижи да има пелени, храна, облека и други работи; зошто воопшто е важно дали троши за козметичар ако потребите на децата се подмирени?“, прашала една жена, а друга цинично заклучила дека „целата хајка по оваа мајка е само спин на мажи кои сакаат да избегнат плаќање алиментација, па бараат разни изговори за тоа“.

Фото: ТикТок

[better-ads type='banner' banner='999' ]