Ако родите на оваа возраст, детето ќе биде поинтелигентно

Постои генерален став дека жените денеска чекаат предолго на мајчинство, но резултатите од истражувањето покажале дека тоа и не е толку лошо – напротив!

0
1165

Научниците спровеле обемно и долготрајно истражување во потрага по одговорот – како возраста на мајката влијае на детето.

Постои генерален став дека жените денеска чекаат предолго на мајчинство, но резултатите од истражувањето покажале дека тоа и не е толку лошо – напротив!

Во истражувањето научниците го анализирале развојот на 18.000 британски деца.

Најдобри резултати покажале децата на мајките кои родиле во 30-тите години. Нивното здравје било подобро од она на децата од мајки кои родиле во 20-тите и во 40-тите.

Причина за тоа, велат стручњаците, е тоа што мајките во 30-тите имаат во правило стабини врски и повеќе внимаваат на своето здравје (на пример, помалку пушат).

Исто така, истражувањето се покажало дека таквите мајки почесто си играат со децата, почесто им читаат и воопшто, повеќе работат со нив.

Бидејќи во истражувањето учествувале само 53 деца од мајки кои родиле во 40-тите, научниците велат дека се потребни дополнителни истражувања за да се дојде до поточен резултат.

[better-ads type='banner' banner='999' ]