Зошто тинејџерите не ја чувствуваат „аромата“ во своите соби?

Можеби смрдеа е пресилен збор, но родителите на тинејџерите добро знаат за што зборуваме.

0
215
Messy Room

Кога ќе дојдат на одредена возраст, мајките и татковците се соочуваат со непријатните мириси на своите тинејџери кои се последица од засиленото потење и хормоналните промени што се случуваат за време на пубертетот. Тие „мириси“ најногу се чувствуваат во нивните соби. Најстрашно од се е што изгледа како ним тоа воопшто да не им пречи, а родителите едноставно не можат да поверуваат дека нивните тинејџери не чувствуваат дека тука нешто смрди.

Универзитетот во Аархус во Данска, направил опсежно истражување на препознавањето на мириси кај луѓето до 50 години старост. Речиси сите испитаници можеле да препознаат специфични мириси од типот на мирис на бензин, на кафе или на риба. Но кај многу други се појавиле многу големи генерациски разлики. Возрасните покаѓале релативно култивирано чувство за мириси на разни зачини и намирници (свежи зачини, лимон, леб, вино и сл.)

Младите на возраст од 12 до 18 години имале потешкотии да го детектираат мирисот на пот и на чад од цигари, како и мирисот на сапун. Меѓутоа, многу подобро од возрасните ги намирисале мирисите на кока кола. Кечап, кекси, гуми за џвакање, чоколатца и бонбони.

Студијата објавена во стручното списание Chemical Science нуди можно објаснување за тоа зошто тинејџерите се имуни на „оние“ мириси во своите соби. Тоа сугерира дека младите мораат да се навикнат на мирисите во текот на годините за да ги регистрираат подобро Помалку се чувствителни на мириси и им треба подолго време за да ги запомнат. Раководителот на истражувањето Александер Фјаелстад вели дека неговиот труд ги потврдува и претходните студии кои сугерирале дека чувството за мирис кај децата се развива долго, се додека не пораснат и не почнат да распознаваат многу специфични нијанси на мириси.

Изгледа како природата во овој случај да не е фер па на родителите им дала максимална чувствителност на мириси заради која не се осмелуваат да ја отворат вратата од собата на нивниот тинејџер, додека пак на тинејџерите добро би им дошло малку поизострено сетило за мирис кое би ги натерало да ја проветрат собата и да ја исчистат од сите чорапи, патики, испотени маици и остатоци од храна.

[better-ads type='banner' banner='999' ]