Одговорот на прашањето дали е телевизијата добра или лоша е дека ниту е сосема добра ниту сосема лоша. Тоа значи дека не мора баш сосема да ја исклучите, што е секако многу тешко, но можете да ја „припитомите“. Сепак, телевизијата има и некои добри страни:
- Пренесува информации
Телевизијата е медиум кој извонредно пренесува информации, без оглед дали станува збор за прекрасните чуда на природата, човечките достигнувања или патувањата во вселената. Мора да признаеме дека од неа можат да се научат многу работи.
- Помага во учењето јазици
Постојат некои истражувања кои покажуваат зголемување на речникот на странскиот јазик кај децата во предучилишна возраст.
- Добрите едукативни програми го поттикнуваат натамошното учење
Телевизиската програма може да го поттикне интересот на детето за истражување на фактите, за разговор или да го поттикне на некоја нова активност.
- Поттикнува на промислување на светот
Како што расте детето, ќе можете телевизиските слики и настани да ги користите како појдовна точка за многу расправи за вредностите, сексуалноста, користењето на дрога и алкохол и слично. Телевизијата е најмоќен медиум кој пренесува слики за многу проблеми со кои се среќаваат денешните општества, овозможувајќи на тој начин ширење на свеста за многу проблеми на денешнината.
За крај, не заборавајте дека секогаш имате можност да го запалите или да го изгаснете телевизорот.