Фолната киселина е важен додаток во исхраната на секоја трудница.
Ви препорачувамеседум продукти кои треба да ги вклучите во исхраната за да ја добиете потребната дневна доза фолна киселина.
ЛЕЌА
Ова е продукт која содржи најмногу фолна киселина. Половина шолјаварена леќа содржи 180 микрограма фолна киселина, што е речиси 50отсто од дневните потреби, а освен тоа богата е и со витамин Б6, фосфор, магнезиум, железо и цинк. На неделното мени за исхрана, леќата треба да се најде барем два пати.
СПАНАЌ
За правилно растење на фетусот и правилен развој на нервниот систем, бремените жени треба да консумираат спанаќ, кој содржи фолна киселина, манган, фосфор, магнезиум и цинк.
ПОРТОКАЛ
Портокалот содржи 55 микрограма фолна киселина, а сокот од портокал 74 микрограма фолна киселина во една чаша. Добар и здрав ручек богат со фолна киселина е пилешко со портокал и спанаќ.
ЦРВЕН ГРАВ
Лесно се додава во различни јадења, а содржи 11 микрограма фолна киселина во половина шолја варен грав.
БРОКУЛА
Една шолја брокула ви овозможува дневен внес фолна киселина од 104 микрограма, односно ¼ од потребниот дневен внес. Овој здрав зеленчук, освен со фолна киселина е богат и со железо, витамин Ц, влакна, бета-каротен и калциум.
ЈАЈЦА
Тие содржат протеини, железо, фолна киселина и омега -3 масникиселини. Белката и нејзиниот состав се смета за идеален извор на протеини бидејќи ги содржи сите есенцијални аминокиселини во совршени пропорции, додека жолчката ги содржи клучните состојки потребни заразвој на бебешкиот мозок.
СЕМКИ ОД ТИКВА
Половина шолја семки од тиква ја задоволува дневната потреба од аминокиселини, тие се одличен извор на витамини и минерали, а содржат цинк и железо дури три пати повеќе од месото.