Еве неколку начини како да го развивате мозокот на вашето дете секој ден:
1. ИЗДВОЈТЕ СЕКОЈ ДЕН ВРЕМЕ КОГА ПОВТОРНО ЌЕ БИДЕТЕ ДЕТЕ
Издвојте секој ден најмалку 20 минути и тргнете ја од себе сета зрелост, возрасност, истражувајте со своите деца и заедно прославете го она што сте го откриле. Нека играта биде непрекината и нека детето ја води. Ако тоа сака да боите, бојте со него. Ако сака да си игра со кукли, лекари или да се „качува“ на Месечината, одете со него. Ако вашиот тинејџер сака да играте видеоигри, направете го тоа.
Не критикувајте го и не кажувајте му на детето што и како да си игра. Бидете тука и гледајте на светот со негоите очи.
2. РАСКАЖУВАЈТЕ МУ СЕМЕЈНИ ПРИКАЗНИ
Во нашата куќа не ги држиме телефоните на масата. Времето во текот на ручекот е одлично за развој на мозокот. Наместо да гледата во екраните на мобилните телефони, дополнете го времето поминато во текот на ручекот со приказни за смејството и предците. Статистиката вели дека децата кои ја познаваат историјата и потеклото на своето семејство имаат поголема самодоверба, поголемо чувство на контрола на својот живот, а со самото тоа и поголема е веројатноста да бидат емоционално здрави и среќни.
3. ПОДАРЕТЕ МУ НА ДЕТЕТО ЗДОДЕВНОСТ
Истражувањата покажуваат дека луѓето навистина не сакаат да останат сами со своите мисли. Замислете да ви пријде детето со реченицата: „Мамо, мене ми е здодевно, може ли да ги ставам прстите во штекерот? Секако сине, само напред!“
Секако дека ова нема да го дозволите, но немојте ниту да ги заробувате децата во креативна немоќ. Постојаното приредување на некоја забава за децата, всушност, ја кочи нивната креативност. Психолозите сугерираат дека 15 минути здодевност не само што го поттикнува креативното размислување, туку ги наведува луѓето да бараат смисла и да истражуваат.
Затоа, дозволете му на детето да му биде здодевно, но држете го понастрана од штекерите.
4. ПОСТАВЕТЕ СИ СЕБЕСИ ЕДНО ПРАШАЊЕ
Кога и да се вашите децата емоционално оптоварени, запрашајте се: „Како да им пријдам на еден емотивен сигурен начин, за да знаат моите деца дека се сакани?“. Поврзаноста и разговорот со децата се пресудни за развој на мозокот. Нежниот бакнеж и прегратката по напорниот ден во училиштето не е само гест. Ендорфинот, хормон кој притоа се ослободува во мозокот, му помага на детето да се чувствува сигурно и опуштено со намалување на физичката и душевната болка. Спротивно, ако сме остри, недоследни и исклучителни, ние на детето му праќаме порака дека за него нема да бидеме тука кога ќе му бидеме најмногу потребени.
Затоа, освоете го срцето на вашето дете во раната возраст и ќе можете да влијаете на неговото однесување во текот на целиот живот.
5. ПРЕФЕРИРАЈТЕ КОНТАКТ СО ОЧИТЕ НАМЕСТО СО ТЕЛЕФОНИТЕ
Се сеќавам едно утро кога нашиот мал син беше толку воздбуен гледајќи ги низ прозорецот децата како играат па почна и самиот неконтролирано да игра. Му се придружив во таа игра. Мојот син и јас поминавме така неколку моменти, комуницирајќи со единствениот јазик со кој тој можеше да ја опише возбудата којашто тогаш го чувствуваше. Две минути подоцна, тој се сврте кон мене и неговата возбуда исчезна. Јас зборуваав на телефон, проверувајќи ги своите имејлови, не забележувајќи го веќе овој момент. Децата само сакаат секогаш да се во центарот на вашето внимание.
Ништо од ова не бара ниту премногу време ниту ангажирање, а на вашето дете многу ќе му значи. Обидете се да го почитувате ова правило и не само дека ќе влијаетe на интелигенцијaта на своето дете, туку и на неговото однесување и самодоверба.