Покачена температура
Иако покачената температура е знак дека е бебето болно, не треба да ве плаши. Бебето може да има благо покачена температура, а да е сериозно болно и обратно – може да има висока температура а да не станува збор за ништо сериозно. Бебињата помлади од три месеци треба да се носат на лекар доколку е температурата над 38°C. Постарите бебиња со температура до 38.5°C е се добро расположени, следете ги, па однесете ги на лекар ако се појави уште некој симптом.
Лош апетит
Лошиот апетит не мора автоматски да значи и болест затоа што апетитот варира од ден во ден. Вие најдобро го знаете вашето бебе па ако ви се види дека бебето лесно ви се уморува од цицањето или е целосно незаинтересирано за храна, а вие проценувате дека би требало да е гладно, е веројатно болно. Ако забележите дека повраќа почесто од инаку или содржината е со зеленкаста боја, одете на лекар.
Промена на расположението
Доколку расположението на бебето е вообичаено, си игра, весело е и убаво јаде, веројатно не е ништпо сериозно. Ако на бебето му тече носето, раздразливо е, нерасположено и невообичаено мирно, одете на лекар.
Невообичаено плачење
Ако одненадеж бебето почне да плаче повеќе од вообичаено и ако не можете да го утешите, одете на лекар.
Невообичаена столица
Малите бебиња, особено оние кои се доени, често имаат мека или течна столица. Ако столицата стане посебно течна, можно е бебето да има диареја. Следете што се случува и дали диарејата продолжува. Надојте ја или дајте и нешто за дохранување малку почесто за да не дехидрира. Бебето би требало да мочка најмалку шест пати дневно, а тоа е добар знак дека е добро и дека сте му обезедиле доволна количина на храна.
Отежнато дишење
Ако бебето дише тешко, веднаш обратете се кај лекар.