Подгответе се, измијте ги рацете, одберете квалитетно масло за бебиња и измасирајте го вашето бебе. Тоа ќе биде воодушевено и опуштено, а најдобро е масажата да ја правите пред спиење. Масажата не се препорачува ако бебето штотуку јадело, ако има температура или ако е вакцинирано.
Погледнете го видеото кое ви прикажува како најправилно да го измасирате вашето најмило. Масажата е делотворна за секоја животна доба, а на бебето посебно ќе му годи.
Со нанесувањето на бебешкото масло со нежни движења ќе го освежите тенот на бебето.