Брзата храна е изгледа неизбежна кога се децата во прашање. Овој вид на храна се нарекува и џанк фуд, што би го превеле како „ѓубре од храна“ затоа што обично станува збор за храна со лош квалитет. Без оглед на видот на исхрана кој го добиваат дома, порано или подоцна децата ќе посакаат и нешто нездраво, нешто што пробале кај пријателите или во некоја сендвичара. Ќе сакаат да пробаат хамбургер и пржени компирчиња кои ги јадат пресреќните деца во ТВ рекламите.
Ваквиот вид на храна треба да се избегнува во исхраната на децата, но никако не би смеело сосема да им се забрани затоа што на сите ни е познато дека она што е забрането е и најслатко и дека може да има спротивен ефект. Затоа можете да направите компромис и повремено да прогласите ден на брза храна и на децата да им направите дома хамбургери, ќебапчиња па дури и пржени компирчиња.