Сподели фотографија за да добиеш сликовница

Од 12 до 16 овој месец трае фото предизвикот во рамки на Фејсбук кампањата за здрави читачки навики организирана од Проектот на УСАИД „Со читање до лидерство“.

0
229

Целта на фото предизвикот кој во периодот од 12 до 16 декември е отворен во рамки на Фејсбук кампањата на УСАИД за развивање на здрави читачки навики кај најмладите, е да ги поттикне родителите и останатите членови од семејството на најмладите деца и ученици јавно да споделуваат фотографии од тоа како читаат сликовници и книги со своите деца во домот. Секој кој ќе сподели фотографија ќе добие сликовница како подарок од страна на Проектот на УСАИД „Со читање до лидерство“. За да се квалификуваат за фото предизвикот, учесниците треба да следат неколку едноставни чекори и правила за добра фотографија: фотографијата треба да е споделена како јавна Фејсбук објава со еден од хаштазите #ZdraviCitackiNaviki  #citame20minutinaden или #USAIDReadersAreLeaders. Фотографијата треба да биде со доволно добар квалитет и јасен фокус, на истата треба да се гледаат лицата на родителот и детето кои читаат, а во опис на објавата да стојат нивните имиња. Сите наградени ќе можат да ги подигнат сликовниците од канцеларијата на Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ во Скопје.

 

Кампањата за здрави читачки навики се одвива на официјалните Фејсбук страници на УСАИД Македонија и Фондацијата „Чекор по чекор“ во периодот од 1 до 25 декември 2016 год. Целта на кампањата е да се подигне свеста за важноста на почетната јазична и математичка писменост и да се поттикнат родителите и останатите членови од семејството редовно да читаат со своите деца во домот. Доктор Читко, маскотата и херојот на кампањата, секојдневно споделува совети, идеи и ресурси за да ги поттикне родителите да читаат по 20 минути на ден со своите деца.

Проектот на УСАИД „Со читање го лидерство“ го спроведува Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ со цел да се проценат и подобрат јазичните и математичките вештини на учениците од почетните одделенија, да се унапредат педагошките вештини на наставниците и да се подигне свеста на целокупната јавност за важноста од овие почетни вештини неопходни за развој и успех на најмладите ученици. Во рамки на проектот, за првпат во државата се адаптирани меѓународни алатки за процена на почетната јазична и математичка писменот. Проектот подготви и „Библиотека на тркала“ која ги посетува училиштата и eлектронска библиотека со аудио-дигитални сликовници и активности достапни за целата јавност. Во 2015 година, проектот отпечати и дистрибуира повеќе од 120.000 копии сликовници до сите основни училишта и јавни библиотеки во Република Македонија. Проектот на УСАИД „Со читање до лидерство“ ќе се спроведува до ноември 2017 година.

[better-ads type='banner' banner='999' ]