Кои намирници се опасни за бебињата?

Воведувањето на цврста храна е важен чекор за развитокот на бебињата. Меѓутоа, родителите мораат да бидат внимателни и информирани за намирниците што му ги даваат на бебето.

0
2035

Во првата година од животот на вашето бебе треба да сте крајно внимателни во изборот на намирници кои сакате да му ги воведете во исхраната. Имено, постојат некои намирници кои можат потенцијално да предизвикаат алергиски реакции или во некои случаи ботулизам (кој го напаѓа нервниот систем). Затоа е важно намирниците да се одбираат внимателно особено во овој период (првите 12 месеци од животот на детето) зашто во тој период системот за варење нема својство да го заштити организмот од бактерии.

Еве кои намирници треба да избегнувате да му ги давате на бебето во текот на првата година од животот:

Мед, пченкарен сируп и јаворов сируп

Овие производи можат да ги содржат бактериите цлостридиум ботулинум. Доколку бебето проголта намирница која ја содржи оваа бајктерија, бактеријата произведува отров кој предизвикува ботулизам. Ботулизмот кај доенчињата го напаѓа нервниот систем и е исклучително опасен.

Непастеризирано млеко

На бебињата не треба да им се дава кравјо млеко во првата година од животот заради можноста од појава на алергии, а особено она непастеризираното. Тоа млеко содржи патогени, микроорганизми кои можат да предизвикаат болести. Неразвиениот имунолошки систем на бебињата не може да се бори против патогените од непастеризираното млека, па можат да настанат сериозни компликации.

Меко сирење

Меките сирења дури и кога се чуваат во фрижидер можат да содржат бактерија листериа моноцyтогенес. Оваа бактерија предизвикува симптоми слични на грип, како што се повраќање, пролив и болки во мускулите, а може да го нападне и нервниот систем и да предизвика симптоми слични на мозочен удар. За имунолошкиот систем на малото бебе, тоа може да биде многу опасно.

Непастеризиран сок

Непастеризираниот сок може да содржи бактерији е. цоли и салмонела. Околу 98% од сите сокови во продажба се пастеризираат, но прочитајте ја сепак налепницата, ако не сте сигурни.

Живи јајца

Јајцата можат да содржат бактерија салмонела ентеритидис, што може да резултира со сериозна состојба, повраќање, пролив и грчеви во стомакот. Секогаш варете ги јајцата додека не бидат целосно тврдо сварени, исто така внимавајте да се добро термички обработени и кога со нив приготвувате други јадења.

Белка

Педијатрите препорачуваат на бебињата да не им се дава белка во првата година од животот. Алергиските реакции на белка се многу чести такашто е најдобро да се причека додека детето не наполни една година.

Јужно овошје

Портокал, грејп, киви и останатите агруми можат да произведат алергиска реакција кај бебињата под 12 месеци старост. Избегнувајте го ова овошје во тој период или посоветувајте се со педијатарот.

Пченица и пченични производи

Намирници кои содржат пченица и пченични производи не би требало да им се нудат на  бебињата до навршени осум месеци старост затоа што пченицата може потенцијално да предизвика алергиски реакции.

Јаткасти плодови и кикирики путер

Тие исто така можат да предизвикаат алергиска реакција, и не би требало да им се даваат на бебиња помлади од една година.

Сирови никулци

Бактеријата салмонела може да постои во сите облици на никулци, дури и во оние кои ќе ги одгледате дома. Не треба да ги додавате ниту во друга храна која се приготвува за бебето.

Премногу заблажена храна и слатки

Житарките збогатени со шеќер, слатките и заблажените сокови се ниско-хранливи намирници со висок процент на шеќер. Во тој облик шеќерот нема ниту едно позитивно дејствпо врз организмот на бебето. Исто така, ако им нудиме таква храна на децата, тие почесто ќе ги одбиваат здравите намирници, а таквите прехранбени навики во раната возраст можат да резултираат со појава на дебелина кај детето.

Како што ќе расте, вашето бебе ќе расте и зајакнува и нејзиниот имунолошки систем и ќе можете да му понудите разновидна храна. Дотогаш, советуваме да се воздржите од сите овде наведени намирници.

[better-ads type='banner' banner='999' ]