Вашето тригодишно дете е кисело расположено и ги влeчe нозете. Вашето шестгодишно дете е вознемирено затоа што неговата омилена кошула е на перење и нема што да облече. Вие не можете да си ги најдете клучевите. И како капак на се, вашиот син ви го турна кафето и морате да се преслечете. Вие се трудите сите брзо да се подготвите и да излезете од дома, но вашите деца како да направиле договор со универзумот за да задоцните колку што е можно повеќе. Толку сте фрустрирани што мислите дека ќе експлодирате.
Како да го преживеете утрото како ова без да го изгубите трпението? Дали е тоа возможно?
1. За почеток дајте си можност да поминете низ ова стресно утро дури и ако не можете да го направите тоа токму на оној начин на кој би сакале. Ако се обвинувате себеси ќе ви биде уште потешко. Земете момент за себе и признајте си дека родителството е тешко и дека вие давате се од себе.
2. Кога не сте притиснати од времето гледате поинаку на работите. Можете дури и да најдете хумор во тешкиуте ситуации. Дали може да се направи нешто за вашето утро да биде помалку стресно. Одберете што ќе облечете вечерта пред да си легнете, понекогаш и тоа е добредојдено.
3. Комунициратјте. Во ред е да се признае грешка – тоа ќеим покаже на нашите деца дека и ние учиме. Тоа би можело да биде нешто како: „Жалам, го изгубив трпението утрово. Беше навистина стресен почеток на денот. Ќе се обидеме утре да биде поинаку“