Триесетгодишниот Палестинец Јихад Ал-Суваити секој ден се качувал и седел на болничкиот прозорец за да ја гледа својата мајка заболена од ковид-19. Сè до моментот кога таа починала.
Мажот се качувал по ѕидот до прозорецот и седел со часови за да гледа дали неговата мајка ја добива целата можна грижа. „Тој ќе го поминеше поголемиот дел од денот така, набљудувајќи ја состојбата на неговата мајка, и слегуваше кога ќе беше убеден дека таа спие“, вели еден вработен во болницата за Ал Араби.
Иако посетите во болницата биле забранети, човекот не се откажал, барем на овој начин, секој ден да проверува како е неговата мајка.
„Jихад е најмалото дете и беше многу близок до нашата мајка, особено по смртта на татко ни пред 15 години. Нашата мајка страдаше од леукемија, а пред неколку недели ѝ беше дијагностициран ковид-19. Кога дозна за нејзината смрт, Јихад беше многу лут и вознемирен. Но, сега се чини дека се помири со тоа“, рекол неговиот брат Расми.
Неговата фотографија се појави на социјалните медиуми минатата недела и предизвика бројни реакции. По смртта на неговата мајка, едем карикатурист му посветил и илустрација.