Дедо експрес за 10 внуци

Даг Хејс од Орегон е горд дедо на 10 внучиња, а минатиот Божик одлучил тоа и да го докаже купувајќи жолт училишен автобус со кој сега ги разнесува своите внуци во училиште и назад и така поминува повеќе време со него.

0
219

Автобусот на Даг Хејс на кој со големи букви пишува Grandfather Express, во Гледстоун, кадешто живее, е вистински хит.

„Кога луѓето ќе го видат на улица се воодушевуваат“, изјавил Хејс за СиЕнЕн.

Пет од неговите внучиња одат во приватно училиште кое нема обезбеден превоз за своите ученици. Другите пет внучиња сѐ уште не одат на училиште, но дедото вели дека брзо ќе дојде време и за тоа.

„Децата секогаш ми велеа дека би било супер да имаме наш сопствен училишен автобус па оваа година им ја исполнив желбата“, додал тој.

Сите внуци живеат на 20-тина минути оддалеченост од дедото па не му е проблем развозувањето на децата.

„Откако ќе ги однесам, го враќам автобусот дома па одам на работа со автомобил“, објаснил тој.

Идејата му ја дала сопругата Ејми која за 59-от роденден го прашала Хејс дали има некоја желба која сака даја оствари во годината што доаѓа. Размислувал неколку недели, а потоа ѝ кажал: „Сакам автобус!“

Ејми му помогнала да си ја оствари желбата и набрзо Grandfather Express бил паркиран во нивниот двор.

Фото: Фејсбук

[better-ads type='banner' banner='999' ]