Зошто децата ја сакаат играта со криење?

Во текот на оваа игра децата имаат и исчекување и изненадување, а преку оваа игра стекнуваат и нови способности. Колку пати сте го „излажале“ бебето и сте му ги запреле солзите или само сте му предизвикале насмевка такашто сте ги покриле очите или пак сте се скриле на момент па сте „скокнале“ пред него?

0
248

Во текот на играта на криење кај децата има и исчекување и изненадување, а преку оваа игра стекнуваат и нови способности.

Ова е дефинитивно една од најомилените игри за бебиња, затоа што стручњаците тврдат дека тие обожаваат кога си играте такашто ќе се скриете па потоа наеднаш ќе им го откриете своето лице.

Своето задоволство го изразуваат со насмевка и гласни извици. Истото се случува и кога ќе им скриете некој предмет, а потоа тие го бараат, што е многу корисно за менталниот развој.

Швајцарскиот психолог Жан Пјаже го нарекол тоа „принцип за перманентност на објектот“ кој помага децата да сфатат дека предметите можат да бидат на некое место иако не ги гледаме таму.

Тие во текот на криењето имаат и исчекување и изненадување, а преку оваа игра стекнуваат и нови способности. Едвај чекаат да го најдат предмет што е скриен, а потоа, тврдат стручњаците, се учат да го препознаат и го контролираат она што го гледаат.

[better-ads type='banner' banner='999' ]