Децата не можат да им простат на родителите само две работи

Некои постапки на родителите доведуваат до длабоки емоционални повреди кај децата кои ги болат дури и кога ќе пораснат

0
697

Ниту еден родител не е совршен и сите секогаш се прашуваат дали се доволно добри. На секој родител му се случило децата да му се лутат и да му се закануваат дека никогаш нема да му простат. Овие закани се главно безопасни. Сепак, постојат постапки на родителите кои децата навистина никогаш нема да ги заборават и да им ги простат затоа што ќе им нанесат длабоки емоционални рани.

И кога ќе пораснат, можеби ќе се обидат да разберат, но нема да простат.

А постојат две работи кои најчесто никогаш не им ги простуваат на родителите.

1. Прекршени ветувања

Ако не постои начин да се исполни ветувањето, тогаш подобро е да не го давате. Ова е вистината што возрасните ни ја всадуваат уште од детството. И ова му го повторуваат на детето одново и одново, барајќи детето да го одржи зборот и да ги исполни ветувањата.

Сепак, самите возрасни честопати ги прекршуваат своите ветувања, во исто време секогаш наоѓајќи изговори – не можеле, не стасале или некоја трета причина што ги спречила во тоа. Јасно е дека родителите имаат толку многу проблеми што едноставно не можат да стигнат на сите страни.

Сепак, не би поверувале колку години децата знаат да веруваат во некои ветувања и молкум да страдаат секојдневно од разочарувањето затоа што тоа ветување не е исполнето. Честопати никогаш и не ги забораваат.

2. Непочитување

Многу родители сметаат дека нивните деца се мали и дека ќе заборават сè. Исто така, забораваат дека децата не се еднакви со возрасните, па затоа ги потценуваат нивните достигнувања и успеси, кои се претежно мали, исто како нив. Кревката, нежна и весела детска душа ќе посака да ја пофалите за нешто мало, а вие мислите дека тоа не е ништо посебно и го кажувате тоа, не знаејќи колку го повредувате детето.

На пример, една девојка сака сама да прави фустани за куклите. Родителите ѝ велат дека е тоа губење време, дека треба да се посвети на нешто покорисно. На почетокот, ова се фустани кои се расшиваат, но со текот на времето стануваат сè подобри и поубави. Како возрасна, оваа девојка прави одлична кариера во светот на дизајнот, но секогаш има едно грдо сеќавање – нејзините родители никогаш не верувале во неа…

Бидете внимателни што им ветувате на децата. Бидете внимателни што ќе им кажете за нивните страсти и хобија. Постои голема шанса никогаш да не ви простат.

Фото: Pexels

[better-ads type='banner' banner='999' ]