Дали менструалната синхронизација е вистинска или измислена? Дали воопшто знаете што е тоа?
Менструална синхронизација значи исто што и поклопувањето на менструалните циклуси. Поточно, станува збор за теоријата дека жените кои живеат заедно во заедница го имаат својот менструален циклус во исто време.
Се верува дека на овој начин, всушност, и природата на нашиот организам укажува на тоа колку сме блиски со некоја личност.
Ако ве прашаме сега дали сте доживеале синхронизација на менструалниот циклус и дали случајно имате менструација во исто време со вашата најдобра пријателка, цимерка, со вашата сестра или мајка, итн. – што би ни кажале? Сигурни сме дека добар дел од вас се ориентираат за тоа кога треба да добијат менструација и според циклусот на жените околу себе.
Верувале или не, над 70% од жените веруваат дека совпаѓањето на циклусот е вистински феномен!
Дали е тоа вистина и од каде таква идеја?
Ќе се обидеме да објасниме.
Овој феномен е познат и како ефект Меклинток и е именуван по Марти Мекинтлок, кој ја истражувал оваа теорија во 1970-тите. Во основата на сè е верувањето дека кога сте во физички контакт со друга женска личност, вашите циклуси, под влијание на феромоните, се синхронизираат.
За да разберете за што станува збор, важно е да знаете дека менструалниот циклус не е ист со менструацијата. Менструацијата е крварење, а менструалниот циклус е периодот што поминува помеѓу две крварења. Откријте овде како се пресметува менструалниот циклус.
Сега, факт е дека за некои жени менструалниот циклус е подолг, а за други пократок. Дали тоа значи дека во овој случај се изедначува и нивната должина?
Откријте!
Совпаѓање на менструацијата како можност
Ако сте ја прочитале книгата „Црвениот шатор“ од Анита Дајмонд, тогаш можеби тука сте се запознале со менструалната синхронизација. Станува збор за некое дамнешно библиско време. Црвениот шатор е всушност менструален шатор во кој жените се засолнувале кога имале менструално крварење или додека не им поминел периодот на крварење по породувањето. Ова сè уште го има кај некои племиња …
Совпаѓање на природниот циклус кај жените
Невозможно е да не се праша – како е можно сите жени да биле таму под шаторот истовремено, ако не такашто нивната менструација се совпаднала? Дали е можно хормоните да им биле во толкава рамнотежа?
Нерамнотежата на хормоните е главната причина за сите проблеми со циклусот. Да се излезе од ритам со другите жени не е проблем. Важно е да имаме добар сопствен хормонски ритам.
Постојат оние кои веруваат дека тоа е можно со совпаѓање на менструацијата, бидејќи менструалниот циклус е поврзан со промените на Месечината. Барем порано беше … Тука зборуваме за Месечината како небесно тело. Според тоа, треба да имате овулација во одредена фаза на Месечината, а менструација во друга фаза.
Апчиња за контрацепција и соодветна менструација
Менструалната синхронизација е сосема реална ако две жени кои живеат заедно користат апчиња за контрацепција на ист начин и истовремено. Ова, значи, не е случајност, туку комплетно испланирана работа.
Постои и поинакво мислење на оваа тема!
Менструалната синхронизација е мит!
Студија направена на Оксфорд во 2017. година тврди дека овој феномен е случајност, а не правило. Вклучувала 360 парови, а циклусите биле следени преку апликациите за следење на циклуси.
Од тој број, само кај 79 парови забележале дека циклусите им се приближуваат со текот на времето. На другите им се случило спротивното – тие почнале да им се оддалечуваат.
Дали тогаш совпаѓањето на менструацијата е случајно или не?
Ниту едното, ниту другото. Станува збор за статистичка веројатност.
Имено, ако крварите еднаш месечно, многу е веројатно дека некои од вашите пријателки, роднини, колешки со кои сте блиски (барем доволно блиски за да си кажувате едни на други кога ќе ја добиете менструацијата), ќе ја добијат истовремено со вас. Сега, не е битно дали е некому прв или трет ден – обично не навлегуваме во тоа, само заклучуваме дека нашите менструални периоди се совпаѓаат!
Какви се вашите искуства? Дали вашиот период е синхронизиран со менструалниот период на некоја жена од вашето опкружување или не?
Фото: Pixabay