Првачиња во Данска пречекани како рок sвезди на првиот училишен ден (ВИДЕО)

Едно училиште во Данска се погрижило првиот ден да го направи незаборавен за своите ученици. Првачињата биле пречекани како да се рок sвезди. Што мислите вие за ова? Би им го препорачале ли и на нашите училишта?

0
359

„Прв училишен ден во Данска – добредојде достојно за рок ѕвезди. Девојчето ја впива оваа луда сцена додека постарите деца ги поздравуваат и ги забавуваат новите ученици пред училишната зграда. Добро е што зедов очила за сонце“, напишала мајката Кери Блумфилд, која го споделила видеото, алудирајќи на солзите што ѝ ги предизвикала оваа глетка.

Снимката собрала повеќе од половина милион прегледи. Луѓето се воодушевени од постапката на училиштето.

„Истото не дочека оваа недела во училиште на мојот син кој беше воодушевен од ова добредојде, а мене ме расплака“, споделила една корисничка на Твитер.

„Тоа го правиме во основните училишта во Флорида. Има аплауз и за оние што поаѓаат во градинка и за учениците од 5 одделение по завршувањето на малата матура. Премногу слатко“, коментирал друг корисник.

„Не знам зошто ова влијае толку емоционално на мене. Одлична идеја“, коментира уште еден корисник.

Што мислите вие за ова? Би им го препорачале ли и на нашите училишта?

Фото: Твитер

[better-ads type='banner' banner='999' ]