Дилеми: дали ги зачувавте матичните клетки на своето дете?

За што би требало да размислите пред да донесете одлука дали да ги сочувате матичните клетки од папочната врвца на вашето дете?

0
501

Главната причина заради која родителите се одлучуваат за чување на матичните клетки од папочната врвца на своето бебе е здравствената сигурност на детето во годините што доаѓаат. За оваа долготрајна инвестиција во здравјето на целото семејство важно е да се донесе вистинската одлука и да се одбере стабилна компанија за чување на вредниот биолошки материјал во толку долг временски период.

Еве ги најважните факти што треба да ги знаете кога одлучувате дали и кому ќе му го доверите на чување најскапоцениот биолошки материјал од своето дете и дали ќе ја искористите шансата што се дава само еднаш во животот – на самото породување.

ЗА:

Матичните клетки од папочната врвца можат да спасат нечиј живот 
Крвта од папочната врвца на новороденчето е богата со матични клетки кои можат да се трансформираат во разни видови клетки во организмот. Тие се користат за лекување на различни болести, пред се, на крвниот и имунолошкиот систем, нервниот систем и метаболичките пореметувања. Иако секој човек има повеќе извори на матични клетки (коскена срж, крв, масно ткиво и секое ткиво и орган во организмот), крвта од папочната врвца е достапна, а процедурата на нејзиното собирање е целосно безболна. Освен тоа, со оглед на тоа што е „млада“ колку и самото бебе, полесно се прифаќа во организмот при трансплантација. Ако на детето му се враќаат неговите матични клетки, поклопувањето е 100-роцентно и не постои можност организмот да ги отфрли.

Лекувањето со матичните клетки од папочната врвца е се поуспешно
Во последните 10 години лекувањето со матични клетки станало се поефикасно. Научниците и лекарите ги усовршиле процедурите, дознале повеќе за поравилното дозирање и давање подобра терапија пред самата процедура.

Крвта од папочната врвца е секогаш достапна
Ако сте ги сочувале во приватна банка и по соодветни стандарди, матичните клетки од папочната врвца на бебето ќе му бидат секогаш достапни на бебето, но и на целото семејство. Никој друг не може да ги користи, ниту пак ќе бидат употребени за истражувања.

Списокот на болести што се лекуваат постојано се проширува
Големите болнички центри пронаоѓаат нови начини да ги лекуваат новите болести, како што се последиците од недостатокот на кислород при породувањето, хидроцефалус, аутизам, дијабетес, вродени срцеви мани…

ПРОТИВ:

Mатичните клетки од папочната врвца не можат да ги излечат сите болести 
Ако бебето се роди со генетски пореметувања, тогаш и матичните клетки ќе го имаат истиот генетски материјал и нема да можат да се употребат за лекување на тоа дете. Меѓутоа, матичните клетки од папочната врвца на братот или сестрата можат да се употребат за тоа бебе. Исто така, тоа бебе може да му помоигне на некој друг член на семејството да се излекува со неговите матични клетки .

Финансиски ограничувања 
Подготовките за доаѓањето на светот на бебето е голем финансиски товар за повеќето семејства. Затоа е важно, пред да ја донесете одлуката за чување на матичните клетки од папочната врвца да се распрашате за начинпт и за времето на плаќањето. Дали може да се плаќа на рати, на кредит или плаќање дури откако ќе се потврди дека матичните клетки се успешно сочувани. Тоа може да им овозможи на повеќето семејства да го вклопат зачувувањето на матичните клетки во својот буџет.

Повеќето зачувани примероци не се искористуваат 

Ова е нешто на што се надеваат и што го посакуваат сите родители.

Фото: Pexels

[better-ads type='banner' banner='999' ]